Климатска криза | Европа се соочува со незапаметен топлински бран

101

Германија, Холандија и Белгија забелеале највисок национален температурен максимум, а Париз има најтопол ден за време на уште еден топлински бран што ја погоди Западна Европа.

Екстремните температури дојдоа само еден месец откако земјите забележале најжежок јуни од кога било до сега, според Гардијан.

Научниците велат дека климатската криза прави летните жештини да бидат пет пати поверојатни и значително поинтензивни.

Холандскиот рекорд од 39,3 степени кој беше забележан во Ајндховен, траел помалку од 24 часа, кога живата на метеоролошката станица во јужната воздушна база на Гилзе-Риен во четвртокот попладне се искачи на 40,4 степени.

Во четвртокот, во Белгија температурите се искачиле на 40,6, поставувајќи нов национален рекорд.

“Ова е највисока температура за Белгија во историјата од почетокот на мерењата во 1833. година”, рече Alec Devalkue од метеоролошката станица.

Националната служба за временска прогноза ДВД во Германија соопшти дека во четвртокот измерила 41,5C во северозападниот дел на државата во градот Линген, првпат кога температурата била над 41C во земјата. Рекордот дошол само еден ден откако на национално ниво 40,5 степени било забележано во Северна Рајна-Вестфалија.

“Метео-Франс” соопштил дека живата на станицата во францускиот главен град Париз го надминала претходниот рекорд од 40,4 степени, поставен во јули 1947. година, така што по 13 часа продолжила да се качува, достигнувајќи 42,6 степени по 16 часот.

Нов рекорд е поставен во Обединетото Кралство, каде што температурата се искачила над 39 степен.

Додека горештините веќе втор ден хараат по Велика Британија, дошло до големи сообраќајни проблеми, поточно на железничките пруги и на аеродромите.

Според Скај Њуз, железничките компании ги повикувале патниците да одат само за итни патувања, додека шините се топеле и искривувале на високите температури.

Големите горештини довеле до откажување или одложубање на летовите на аеродромите низ целата земја, а лутите патници делат фотографии на кои се гледа како се заглавени на Хитроу.

Илјадници луѓе останале на железничките станици и на аеродромите, жалејќи се на судбината што ги погодила. Некои морале и да преспијат на аеродромскиот под.

Метеоролозите најавуваат пријатно олеснување за време на викендите.

Починала додека се сончала

Во Белгија, 66-годишна жена била пронајдена мртва во близина на нејзината приколка, недалеку од крајбрежјето, објави АП, тврдејќи дека таа се смета за прва жртва на горештините во таа земја.

Ова се случило во Миделкерке на белгискиот брег, каде што температурата надминала 40С.

Полицискиот комесар Миделкерке Френк Делва за АП изјави дека смртта “многу јасно е поврзана со топлината”.

Службите за итни случаи се упатиле кон местото на настанот, но не успеале да ја спасат жената.

Во Белгија, како и во многу делови од западна Европа, рекордна температура од 41,8 степени била забележана вчера во Бејџинендијк, 30 километри источно од Брисел.