Кинези направија тест што открива рак години порано од сегашните методи

217

После една деценија на истражување, кинеските научници успеале да развијат тест на крвта што може да открие пет видови на карцином неколку години пред да се открие со тековните процедури.

Како што истакнува „РТ“, научниците предупредуваат дека е тешко да се предвиди карцином со овој метод, но може да ги предупредат асимптоматските пациенти дека има канцерогени клетки во организмот многу порано отколку што е можно со денешните тестови.

Тестот наречен „PanSeer“ треба во голема мерка да ја зголеми веројатноста пациентите со карцином да можат да ја победат болеста.

Овој тест се заснова на биолошки аналитички процес на ДНК метилација, која „лови“ специјални ДНК „потписи“ кои се поврзани со различни типови на карцином, како што се карцином на желудникот, хранопроводникот, дебелото црево, белите дробови и црниот дроб.

Како што се посочува, истражувањето траело во периодот од 2007 до 2017 година, а во студијата учествувале 120.000 луѓе од Кина, а фокусот бил на примероците од крв земени од 600 луѓе во одредени временски интервали.

Од таа група на учесници, 191 лица биле дијагностицирани со карцином во еден момент. Научниците користеле нов тест за да анализираат примероци кои биле стари четири години, односно од времето пред да им биде дијагностициран карцином. Тестот откри дека 91% од пациентите биле асимптоматски во моментот кога нивните примероци од крв биле земени порано.

– Нашата главна цел е да овој тест на крв да се прави рутински рутински, за време на годишниот систематски преглед. Сепак, нашиот сегашен фокус е да ги тестираме луѓето кои припаѓаат на ризичната група, заснована врз историјата на семејното здравје, возраста и други фактори – рече првиот човек на Одделот за биоинженеринг „UCSD“ – Кун Жанг.