LIU Xin | Кина не молчела, напротив, го известила светот!

337

Од Европа и САД се слушаат се повеќе гласови кои бараат Пекинг да „плати за извозот“ на смртоносниот вирус.

Мисури е првата американска држава што ја тужеше Кина за коронавирусот. Генералниот правобранител Ерик Шмит смета дека Кина не ја кажала вистината за Ковид-19 и „ги замолкнала алармите и многу малку превземела за да се спречи ширењето на болеста“.

„Тие не се обидоа да ме замолчат и никој не ми се закани со казна!“ Со овие зборови, д-р Женг Џиксиен, одговарала на прашањата од кинеската телевизија CGTN за притисокот на властите да не ги откриваат првите случаи на Ковид-19. Џиксиен е една од првите што ги информирала колегите за вирусот. Таа вели дека како и секогаш, си ја завршила својата работа совесно и одговорно.

Кина не молчела, напротив, го известила светот

Лекарката објаснува дека по првиот конзорциум, напладне на 27 декември, пријавиле случаи на сомнителна пневмонија во локалниот Центар за контрола и превенција на инфекции.

„Тоа попладне, надлежните пристигнаа да спроведат епидемиолошка истрага. Тие ги собраа примероците од крв на пациентите и земаа брис од грло. Тие исто така извршија тестови за да утврдат кој патоген бил вклучен. Кога ги испративме нашите ажурирани информации на 29 декември, тие дојдоа да направат повторно испитување на крвта и во тоа време прашуваа за претходните болести на пациентите. Според мое мислење, тие одговорија во рекордно време “.

Џиксиен вели дека не ја очекувала инфекцијата на почетокот: „Сега е тешка епидемија со огромен број жртви. Навистина не очекувавме ваква лоша ситуација “.

По повеќе од 2,5 милиони луѓе заразени ширум светот, многумина се прашуваат – дали луѓето требале порано да бидат известени за опасноста?

„Во тоа време, штотуку почнавме да сфаќаме за каков вирус станува збор, така што чувствував дека не е соодветно во таква ситуација да се даваат премногу информации во јавноста, сè додека не утврдивме за што станува збор. Ако сама го правев истражувањето, како би можела да ги известам луѓето сè додека моите резултати не се завршени? Мислам дека секогаш мора да бидеме внимателни и да даваме само информации поткрепени со научни факти“, одговара д-р Џиксиен.

Иако таа е првата што го пријавила првиот случај на КОВИД-19, името оваа докторка досега не беше познато во светот. Апсењето, проследено со смртта на кинескиот лекар Ли Венлијанг на почетокот на февруари, силно одекна низ целиот свет. На 30 декември, Ли, во групна порака ја алармираше јавноста за коронавирусот, по што паниката масовно се ширела низ кинеските мрежи. Неколку дена подоцна, Ли бил приведен во полиција и обвинет за ширење лажни информации.

Ова ги натера многу западни медиуми, активисти и политичари да ја обвинат Кина за прикривање информации што наводно ја предизвикале пандемијата.

Како најпогодените земји се борат со дезинформациите додека ја обвинуваат Кина за криење на информации?

Во Италија, новинската агенција АНСА отвори страница што го проверува потеклото на вестите за коронавирусот. Шпанија има строг закон за ширење на лажни информации во време на пандемија и паника кај населението. Овој вид на казниво дело се казнува со затвор од неколку месеци до 5 години.

Ситуацијата е малку поинаква во САД. Всушност, на Твитер профилот на американскиот претседател Доналд Трамп, можат да се најдат голем број на дезинформации за ширењето на коронавирусот.

За нешто повеќе од еден месец, се почна од исмевање на Кинезите, преку страв, до мерки што Кина ги препорачала. После глобалната критика за „драконските мерки“ на Кина, Шпанија веќе предложи зелени, жолти и црвени „картички“ за враќањето на луѓето во „новата нормала“ да биде помалку ризично.

Во моментов, светот е во најголема криза во модерното време. Сè уште не е јасно која земја одговорила на заканата „правилно“, но повеќето се подготвени да го посочат прстот кон Кина како главен виновник. Факт е, сепак, дека сега и Кина, САД и Европа имаат доволно заразени и починати и дека никој, дури и денес го нема одговорот на едноставното прашање – како да се живее понатаму.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.