Кико Петровски херој на денот | Во Ѓорче Петров – Возач со автомобил удрил девојка и избегал

1201

Возач со автомобил удрил девојка и наместо да и укаже прва помош тој пцуел за штетата на автомобилот.

Случаен минувач притрчал и извадил завој од автомобилот за да и помогне, а виновникот дошол, им фрлил визит карта и им рекол да му се јават при тоа однесувајќи се како ништо да не се случило.

– Завчера пред мои очи се случи сообраќајна несреќа во Ѓорче Петров, во која беше повредена една девојка во пределот на главата…. истрчав и извадив се што имам од прва помош… завој,ножици , алхохол , памук салотејп …. пуста трема раце ти се тресат.. иако не се разбирам од медицина , сепак се почуствував како прав доктор….и признав на девојката дека не се разбирам во ова.. таа седеше мирно и ме гледаше како се обидувам да и помогнам …. две мали дечиња пиштат од страв за својата мајка или тетка незнам што им беше девојката… во еден момент искача дечкото кој беше удрен од позади со колата доаѓа позади си ја гледа колата, пцуе во себе и ич не му чуе за девојката … му реков : другар колата се прави .. види девојкава крвари во главата, не е се чуствува добро… дечкото ни едно ни две фрли некоја си визит карта како демек нешто “познат” и вика до утре да ми се јавите … Ја погледнав девојката која беше преплашена и си викам : сега сфаќам дека луѓето ги ценат материјалните нешта повеќе од животот… Се надевам дека девојката е добро .. доколку овој статус стигне до неа нека ми пише, стои во Фејсбук статусот на херојот.

Завчера пред мои очи се случи сообраќајна несреќа во Ѓорче Петров, во која беше повредена една девојка во пределот на…

Gepostet von Кико Петровски am Montag, 20. Mai 2019