Катастрофален земјотрес во Турција | Видео

370

Бројот на загинати од силниот земјотрес во Труција се искачи на повеќе од 20, а околу 2.000 лица се повредени.

Вознемирувачки слики од Турција, семејни трагедии и трошка надеж – затрупаните да се сеуште живи.

Бројот на загинати од силниот земјотрес што го потресе источниот дел на Труција се искачи на повеќе од 20, а околу 2.000 лица се повредени.

„Беше многу страшно – мебелот падна врз нас. Ние брзавме надвор“, вели жител на Елазиг.

Спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата по околу 30 лица кои се затрупани под урнатините на зградите во провинцијата Елазиг и соседна Малатија, соопшти министерот за здравство Фахретин Коца.

Тој предупреди дека бројот на загинатите може да се зголеми. Се стравува дека не постои можност сите да бидат спасени. Преживеаните се дочекуваат со воздишки и аплауз, тегобната потрага продолжува.

Една жена беше извлечена од под урнатините околу 13 часа по земјотресот. Таа била спасена откако ги повикала роднините од нејзиниот мобилен телефон и им кажала каде е заробена.

Но, 12-годишно момче кое беше извлечено од под урнатините подоцна почина во болница. Најмалку пет згради во градот Сивирџе (близу до епицентарот) се урнати и 25 во Малатија. Стотици објекти се оштетени или небезбедни, изјави министерот за животна средина Мурат Курум.

Вработените во итни слжби и безбедносните сили синоќа дистрибуираа шатори, кревети и ќебиња бидејќи температурите во текот на ноќта падна 8 степени под нулата, а голем број жители останаа надвор.

Училиштата, спортските сали и студентските домови се отворени за стотици луѓе кои ги напуштија своите домови по земјотресот.

Властите издадоа препупредување до граѓаните да не се враќаат во оштетените објекти поради опасност од нови потреси. Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, бил во провинцијата Елазиг.

Регионот е оддалечен околу 550 километри источно од главниот град Анкара и е ретко населен, така што деталите за штетите и жртвите може да пристигнуваат бавно.
Потрес со јачина од 6,8 степени го погоди источниот дел на Турција вчера во 20:55 часот по локално време на длабочина од 6,7 километри во близина на Сиврице. Потреси беа почувствувани и во соседна Сирија, Либан и Иран.

Потоа следуваа 228 земјотреси, најсилните со магнитуди 5,4 и 5,1 Рихтери.
Турција има долга историја на силни земјотреси. Над 17.000 настрадаа во силниот земјотрес (7,6 степени по Рихтеровата скала) во август во 1999 година во градот Измит кој се наоѓа на 90 километри југоисточно од Истанбул. Пола милион луѓе тогаш останаа без своите домови.

ТВ Телма