ЗДРАВА ХРАНА

Карфиолот е ризница на здравјето, а има и скриени придобивки

By kukuriku

March 13, 2022

Карфиолот е богат извор на влакна, а содржи и витамини кои помагаат во подигнување на имунитетот, против згрутчување на крвта, корисен е за здравјето на коските, го намалува ризикот од срцеви заболувања, дијабетес тип 2, рак.

Сепак, со сите неоспорни здравствени придобивки, овој зеленчук е сосема неоправдано запоставен, иако лесно се подготвува и од него може да се направат супи, прилози, мусака, да се пече, динста, пржи…

Затоа искористете ја пролетната сезона и искористете го максимумот од карфиолот.

Најважната придобивка од карфиолот, која ретко се знае, е тоа што само една шолја карфиол обезбедува повеќе од 75 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Ц, поради што ова е одличен зеленчук за имунитет, метаболизам и нервен систем. Содржи и 20 проценти од дневната доза на витамини Б6, К, фолати и калиум.

Една шолја карфиол содржи и околу 45 милиграми холин, што е десет проценти од адекватниот дневен внес на оваа хранлива компонента важна за зајакнување на клеточните мембрани, синтезата на ДНК и развојот на мозокот.

Карфиолот исто така може да помогне да се намали ризикот од рак; особено ракот на дебелото црево, белите дробови, простатата и дојката, покажало истражувањето, а тоа се должи на неговите глукозинолати, кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес предизвикан од слободните радикали, според Real Simple.