IN MEMORIAM

Камерман на МТВ ја загуби битката со коронавирусот

By kukuriku

July 01, 2020

Шенол Ахмети (51), снимател во МТВ, ноќеска ја загуби битката со коронавирусот.

Тој бил хоспитализиран минатата недела, а состојбата рапидно се влошила последните неколку дена поради што бил приклучен на респиратор.

Ахмети е долгогодишен снимател и камерман во МТВ и во јавниот сервис го минува целиот работен век.

Ахмети е вториот медиумски работник кој е жртва на коронавирусот во Македонија.На 1 јуни почина новинарот Беким Бајрамоски од струшко Лабуништа која работеше за локалната телевизија „Спектра“.