ЖЕНСКИ СВЕТ

Какво значење има бојата на долната облека за Нова година

By kukuriku

December 12, 2021

Женската долна облека никогаш не е премногу убава или премногу свечена, уште помалку во моментов, во кој станува збор за новогодишен комплет.

Празничниот изглед треба да биде добро усогласен- од облеката и додатоците до гаќите.

И бидејќи во модата многу нешта имаат значење и симболика, важноста на преферираната боја од вас во никој случај не е за занемарување.

Сакате повеќе љубов во 2016? Обложете се на црвеното. Ако сакате да јазголемите својата финансиска состојба, изберете жолто.

Дознајте ги останатите значења на најчестите бои и нивната симболика.

Жолто

Покрај финансиската состојба, жолтата боја симболизира просперитет и успеси како на личен, така и на професионален план.

Црвеното

Љубовта и романтиката се привлекуваат во следните 365 дена со комплет во светла нијанса за новогодишната вечер.

Бело

Облекување во бела долна облека се препорачува, ако барате мир, хармонија и среќа во 2016 година. Ние ве охрабруваме да изберете убав модел градник и гаќи и да го намалите стресот околу работата.

Розово

Ако неодамна почнавте да влегувате често во скандали со дечкото или цимер, обложете се на розова долна облека. Благата боја симболизира љубов, разбирање и хармонија.

Зелена

Оваа боја се поврзува со природата, животот и здравјето. Ако се чувствувате оддалечени од своите корени и неговото јадро, изберете свежа нијанса.

Синото

Просперитетот и здравјето се кријат зад убавото кралско сино. Носете го, ако сте жедни за разновидност и сонувате во 2016 да најдете инспирација за спорт и здрав начин на живот.