Родителството е тешка животна задача, сигурно една од најтешките, а во таа „работа“ има различни видови родители. Според некои главни одредници родителството можеме да го поделиме во неколку интересни стилови.
Работохоличар
- На детските забави ве напаѓаат и ви раскажуваат за последниот деловен проект и истовремено постојано ги прегледуваат пораките на својот телефон.
Љубител на алкохол
- На забавите носи вино и со уживање зборува за пиењето алкохол. Или во паркот напоменува како добро би ви дошла по една чашка. Малку сте загрижени за него.
Хипстер
- Ги облекува децата во тесни фармерки, огромни очила и маици со Секс Пистолс.
Родител-експерт
- Ве прашуваат како и со што ги храните децата, како ги одвикнувате од пелени, како ги успивате, а потоа нашироко ви објаснува што прават тие поинакау и зошто својот начин го сметаат за подобар.
Зависник од социјални мрежи
- Не поминува ниту ден, а да не стават фотографија со детето на Фејсбук или Инстаграм. А оние што се малку поголеми зависници ставаат и смники на Јутјуб.
Опседнати со готвење
- На ниту еден настан не доаѓаат со барем две чинии, преполни со печени домашни колачиња.
Оние кои вe заплашуваат и се малку чудни
- Ве плашат со своето чудно однесување, но нивните и вашите деца се согласуваат, па морате да се дружите со нив.
Опседнати со излежување
- Овие типови на родители некако успеваат да ги воспитуваат своите деца без да станат од омилената фотелја или од каучот.
Продолжува на страна 2
Прерано остарени
- Ја ишишале костата, носат високи фармерки, џемпери и комфорни чевли.
Негрижливи
- Никогаш не гледаат кога на детето му тече носот. Никогаш не забележуваат кога детето паѓа од лизгалките, клацкалките или нишалките.
Команданти
- Ги третираат децата како војници, очекуваат целосна дисциплина и послушност. Децата се плашат од нив, а исто така и вие.
Опседнати со здравјето
- Некако успеале да ги принудат децата да сакаат брокули, блитва и останата здрава храна и ве осудуваат што на децата понекогаш им давате брза храна, но премногу се пристојни за да ви го кажат тоа и само мистериозни ви се смешкаат.
Големи деца
- Го хранат својот комплекс на Петар Пан, играјќи си со часови во игротеките, гледајќи цртани или играјќи некои други игри со своите деца.
Хеликоптер
- Цел ден се подготвени и во низок старт стојат пред детето за да не падне, за да соберат нешто нечисто или едноставно сакаат да се тука, доколку на децата им треба прегратка.
Неверојатно кул родители
- Тоа се оние поради кои родителството ви изгледа толку лесно и фасцинантно. Не ве асоцираат на никакви бебешки грчеви, на мачното менување пелени. Секогаш се насмеани, средени и толку кул, што им завидувате.
Родители кои премногу се трудат
- Очајни се во желбата да бидат кул и се трудат да ги убедат сите, па и себе си дека се исти, како и пред да ги имаат децата.
Фалбаџии
- Устата им е полна со децата и нивните достигнувања, напредок, новите вештини. Бла, бла, бла. Помалку ви се лоши од нив.