Какви се подобрувањата во Apple Watch 4? Видео

124

Четвртата серија на Apple Watch е долгоочекуваниот нов паметен часовник кој ги нуди првите големи промени во дизајнот од премиерата на оригиналниот модел, кој излезе во 2015-та.

Уредот има дисплеј со минимална рамка, помоќен хардвер и е за околу 30 отсто поголем па размери. Сепак, Apple Watch 3 е потенок и полесен од својот претходник.
Иновативниот паметен часовник поддржува поголема резолуција и има дополнителни пиксели кои го подобруваат квалитетот на сликата.

Стандардниот приклучок за микрофон се наоѓа помеѓу физичкото копче на рамката и дигиталната круна (Digital Crown), што гарантира кристален звук.

Новиот модел е опремен со 64-битен, двојадрен процесор кој е двојно побрз од претходната генерација. Уредот користи подобар акцелерометар и жироскоп, како и итна функција SOS.

Паметниот часовник исто така нуди и дополнителни можности за следење на вашите секојдневни вежби.

Компанијата обезбеди поддршка за Bluetooth 5.0, што се случува за прв пат во Apple Watch. Потрошувачите можат да очекуваат до 18 часа еднократно време на полнење.

Apple Watch 4 ќе се продава во големини од 40 и 44мм. Основната верзија чини 399 долари, а LTE моделите ќе бидат продавани за 499 долари. Испораките започнуваат на 21 септември.