Изреката дека ние сме она што го јадеме, е апсолутно точна. Вистинската убавина доаѓа прво одвнатре, а потоа се одразува и во надворешноста.
Доаѓањето на топлите денови и порастот на температурите нѐ стимулира да се фокусираме на нашата исхрана и да направиме некои промени.
Зимата не правда дека ни е ладно и имаме потреба да се разгалиме, но веќе дефинитивно нема што да смислиме.
Заменете ја тешката храна со полесна и пијте најмалку по 2 литри вода на ден. За да успеете да ја подготвите кожата за летото, зголемете ја потрошувачката на витамини во форма на овошје и зеленчук.
Правилниот избор на храна според типот на кожата може да ги реши сите проблеми и да ни помогне да го добиеме изгледот од соништата.
Ви претставуваме на каква храна треба да нагласите според кожата која имате.
Мрсна кожа / Комбинирана кожа
Ако имате мрсна или комбинирана кожа, ќе извлечете максимална корист при конзумацијата на моркови – тие се полни со витамин А и се неверојатна состојка за различни маски против акни. Грејпфрутот и портокалите помагаат за правилно балансирање на кожата, а кивито ќе ви помогне да ја исчистите.
Чувствителна кожа
Пробајте ја вкусната комбинација од краставица, која е исклучително хидратантна и полна со антиоксиданти, со морков. Погодни се цвеклото за детоксикација и коријандерот за смирување на кожата.
Сува кожа
Ако имате сува кожа, потенцирајте на краставица, целер, спанаќ, јаболко и кокосова вода. Целерот е исклучително хидратантен и ќе ви помогне да останете во билансот на вода во кожата. Спанаќот има силна анти-воспалителни својства, а јаболкото ќе ви ја исчисти кожата и ќе ѝ даде неповторлив сјај.
Нормална кожа
Ако имате нормална кожа, чувајте ја свежината со боровинки, капини, малини, спанаќ и брокула. Малините и сите ситни плодови имаат многу силно антиоксидантно својство, ја заштитуваат и зајакнуваат кожата. Брокулите, од друга страна, го зајакнуваат имунитетот и го спречуваат штетното дејство на сонцето.