Еве како совршено да испечете лук во рерна и да го претворите во вкусен намаз

3277

Погледнете како можете лесно лукот да го претворите во вкусен намаз за препечен леб.

За почеток загрејте ја рерната на 200 степени, земете чешне лук и исечете го врвот.

Ставете го на алуминиумска фолија и прелијте со маслиново масло.

Замотајте ја фолијата и печете во загреана рерна околу 40 минути.

Така жежок, извадете го од мембраната со нож и мачкајте го на препечен леб.

Проверете ги деталите во приложеното видео.

Ќе добиете солен намаз без многу вложен напор, уживајте!