Таа е американска актерка во подем, а тој бунтовен принц и најпосакуван ерген.
Пред две недели, војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган, објавија дека се повлекуваат од сите кралски должности со желба да започнат независен живот, а вчера, на целиот случај на „одметнатите“, Бакингамската палата стави точка одземајќи им ги титулите и пристапот до јавните финансии.
Но, како Хари и Меган од една млада и ветувачка двојка, од кои се очекувало да го реформираат кралството, станаа отпадници?
Помладиот принц на британското кралско семејство ја запознал Меган Маркл на состанок на “невидено“ во Лондон, организиран од взаемен пријател.
Во интервјуто за БиБиСи, Меган изјавува дека Хари веднаш и се допаднал и многу брзо во текот на вечерта се прашале „Што правиш утре? Би можеле повторно да се видиме“.
Хари признал дека по првата средба знаел дека Меган е таа.
На крајот на 2016 година, почнуваат да кружат приказни дека британскиот принц е во врска со американската актерка, а во таблоидите секојдневно се појавувале натписи за Меган и нејзината „егзотична убавина“ и „дивото минато“.
Во ноември истата година, Хари официјално објавува дека тој и Меган се дружат и ги замолил медиумите да ја почитуваат нивната приватност.
По заједничките посети на Јамајка, Норвешка и на некои афрички земји, својата прва официјална посета ја остваруваат на отворањето на „Инвиктус игрите“ во Торонто во октомври 2017 година. Истиот месец, Маркл изјавува за медиумите дека биле многу заљубени.
Еден месец подоцна, парот објавува дека се вериле и дека планираат свадба следната пролет.
Во замокот Виндзор на 19.05.2018 година, се собрале сватовите од целиот свет на кралските семејства, како и членови на џет-сетот, вклучувајќи ги Џорџ и Амал Клуни, Дејвид и Викторија Бекам, Опра Винфри …
Со прстените на рацете, пристигнале новите титули. Војводата и војвотката од Сасекс им се придружиле на принцот Вилијам и војвотката Кејт, со тоа што медиумите веќе ги прогласуваат за „феноменална четворка“ и нова кралска генерација кои ќе ја модернизираат монархијата.
Сè помина според планот – на 15 октомври истата година, парот објавува дека очекуваат бебе, а малиот Арчи се раѓа на 6 мај 2019 година.
Проблеми во кралскиот рај
Сепак, недоразбирањата со другите членови на кралското семејство полека се претвораат во непремостливи разлики. Така Сасексите се иселуваат од палатата Кенсингтон кон крајот на 2018 година, а во ноември истата година, Меган, наводно, ја расплакува војвотката Кејт.
Кон средината на минатата година, Хари и Меган објавуваат дека се повлекуваат од Кралската фондација, и така, како што наведуваат упатените, ја закуцале последната шајка во сандакот наречен „феноменална четворка“.
Како што одминувало времето, парот сè повеќе се оддалечувал од Бакингам и Палатата Кенсингтон, а пред две седмици решиле сосем да се разделат со кралското семејство.
Набргу, со малиот Арчи, Меган ја напуштила Велика Британија и отпатувала за Канада, а Хари останал да чека на разговорот со неговата баба, кралицата Елизабета Втора.
На состанокот во Сандринген, кралицата рекла дека го поддржува нејзиниот внук во неговата одлука да биде независен, а вчера конечно е ставена точка – „Сасексите“ веќе нема да ги носат титулите „нивното височество“, но нема да им бидат достапни и парите од јавните фондови.