Кога навечер се чувствуваме уморни, но мораме да ја измиеме косата, тогаш не ни остануваат сили за сушење.
Резултатот изутрината обично не е многу пријатен. Добрите вести се дека има како да си легнеме со влажна коса, а да изгледа таа добро, кога ќе се разбудиме.
Еве како можеме да го постигнеме тоа:
1. Да ja навиеме косата во пунџа
Можеме само да ја навиеме косата во пунџа, без да ја стегаме многу. Така утрината, кога ќе ја распуштиме, косата ќе има сјај, како и убав и природен изглед.
2. Да сплетеме плетенка
Испреплетувањето на мокра коса навечер води до пријатни благи кадрици кога ќе ја расплетеме веќе исушена. Ние би можеле да експериментираме со различни видови плетенки, за да добиеме различен ефект. Така ќе можеме да ги избереме оние кои најмногу ни се допаѓаат.
3. Да спиеме со хидратантна маска за коса
Расцветаната и кршлива коса е меѓу главните поплаки на повеќето жени, откако спиеле со влажна коса. За да се спречи овој несакан ефект, можеме да се обидеме да спиеме со маска за коса, која ја хидрира косата.
4. Да спиеме на сатенска перница
Кога ни се наметнало да спиеме со влажна коса, треба да смениме памучни навлаки на перниците со свила или сатен. Причината е дека памучните навлаки апсорбираат влага и доведуваат до заплеткување на косата.
Плоснатите површини можат да заштитат од слични проблеми. Во прилог, сечењето и оштетувањето на косата е помало.