ПСИХОЛОГИЈА НА ЖИВОТОТ / УСПЕХОТ

Како да се свртиме кон позитивните мисли | Репрограмирајте го вашиот мозок за да бидете среќни кога ви е тешко!

By kukuriku

January 13, 2019

Речиси секој ден излегува научна книга која нѝ открива како можеме да гипреклопименервните склопови во мозокот за да бидеме посреќни.

Живиот човек на сѐ се навикнува, особено на доброто. Можеме да сонуваме за работата од соништата, за нашата свадба со прекрасна личност, за добиените еден милион долари и милионите следбеници на Твитер и повторно ќе најдеме нови нешта на кои ќе се пожалиме. Различните филозофии имаат различни објаснувања за тоа. Но повеќе внимание привлекуваат оние невролошките објаснувања или помладите невропсихолошки.

Речиси секој ден излегува една научна книга која нѝ открива како можеме да ги “преклопиме” нервните склопови во мозокот, со цел да бидеме посреќни.

Во тоа море од наслови овие денови се истакнува книгата на неуропсихологот д-р Рик Хенсон “Hardwiring Happiness: The New Brain Science of Contentment, Calm and Confidence” (Новата наука на задоволството, мирот и довербата). Тој пишува дека нашиот мозок природно е програмиран да се фокусира на негативното, па поради тоа сме во стрес и несреќни, дури и кога сме окружени со многу позитивни нешта во животот. Животот е најчесто тежок, понекогаш и ужасен. Но, може подобро да се поднесува отколку што тоа го правиме, тврди dr.Hanson и нуди речиси self-help совети базирани на најновите истражувања за структурата на мозокот. Тој не предлага да ги избегнуваме или потиснуваме негативните искуства, затоа што тоа би било невозможно и нездраво.

Наместо тоа, тој сугерира дека со упорното повторување го тренираме мозокот подобро да препознава и да го памети позитивното искуство, така што ќе се фокусираме на него и буквално ќе го инсталираме во мозокот. Тоа нема да доведе до некоја самонаметната заблуда, вели д-р Хансон, туку автоматизмот на негативноста постепено ќе го замениме со автоматизам на позитивизам, како кај луѓето на кои им завидуваме, бидејќи тие се секогаш некако среќни, мирни и весели.

Карактерот на човекот, откриле научниците, ниту е вроден ниту е врежан во камен. Со едноставна пракса и упорни мали чекори човекот може драстично да го промени начинот на кој реагира на секојдневните проблеми, може да се реши од стравовите, анксиозноста, комплексите, мрзливоста, зависта, љубомората и стресот. Проблемот е, тврди д-р Хансон, што во тоа не веруваме иако екстремните научни податоци покажуваат дека ова е вистина,а културата, воспитанието, старите заблуди за човечкиот мозок и човечката психа, нѐ спречуваат да се обидеме да го направиме она што нашите далечни предци го правеле како нормална работа, самите ги контролирале и лекувале своите мисли.

Продолжува на страна 2

Еволуцијата нѐ дизајнирала да бидеме совршено способни за преживување и не се грижела да нѝ инсталира алатки за среќа. Тоа ние денес треба да се обидеме сами да го направиме, бидејќи почнавме да откриваме како тоа сами да го направиме. Основната идеја на книгата на д-р Хансон е “впивање на доброто”, при што тоа го мисли буквално, не како метафора или некој интересен self-help (само-помош) слоган.

Практично, ова значи дека кон добрите работи треба да се однесуваме како кон растенијата, тие треба свесно да бидат засадени во мозокот и таму да се набљудуваат, развививаат и задржуваат сѐ додека не се вкоренат во невролошката структура на мозокот. Тоа значи да се потрошат 10, 20, 30 секунди на ден колку во просек траат позитивните искуства и добро да се прифатат, усвојат, запомнат, како кога помниме некоја книга или филм. Ако се потрудиме и бидеме доволно фокусирани да не ги заборавиме, туку следната секунда откако тие се случиле, овие искуства ќе се акумулираат во нашите нервните склопови и на крајот, како кога зрната песок создаваат дина, темелно ќе ги променат нашите реакции.

Ние дури и нема да забележиме кога се случило тоа, но ќе забележиме дека поради некои работи помалку се нервираме и дека нешто што претходните деновите нѐ исфрлало од шините сега воопшто не нѐ оптоварува. Класична поговорка на невролозите е дека невроните кои пукаат од заедно, ќе се заварат еден за друг. Така се создаваат цврсти модели на менталната активност кои ние ги чувствуваме како автоматски реакции на одредени ситуации. Невронските склопови настануваат преку многу различни механизми, а проблемот е во тоа што нашиот мозок е пристрасен – полесно и побрзо ги склопува невронските обрасци од негативните отколку од позитивните искуства.

Болката ќе нѐ научи веднаш и засекогаш како нешто да не правиме, но ќе нѝ бидат потребни месеци, можеби и години на свесно и напорно работење за да го отстраниме автоматски чувството на несигурност или лутина пред шефовите или непријатните луѓе, на пример. Позитивниот став се вежба и се случува постепено, за жал, не постои метод, кој би донел голем напредок за кратко време. Позитивното размислување за дефинирање е концептуално, целосно зависи од нашите мисли и затоа нема толку директно и големо влијание врз нашите eмоции во текот на денот. Многу луѓе мислат позитивни мисли, но во стомакот сепак чувствуваат незадоволство, бес, тага или осаменост, како позитивата да не може да им “седне”. За позитивното размислување да стане поефикасно од скапите еуфорични мисли, вели д-р Хансон, потребно е тоа првенствено да стане јасно.

Продолжува на страна 3

“Важно е да се биде способен да се согледа целата слика, целиот мозаик од реалноста и позитивната и негативната и неутралната страна. За жал, нашиот мозок секогаш ќе сака да ја нагласи негативната, па така позитивната секогаш ќе треба да ја бараме свесно. За жал, денес под позитивното мислење често се мисли на предвидување или одрекување на негативното, а тоа не е тоа. Пресудно за позитивното мислење е јасно и кохерентно соочување со негативностите”, вели д-р Хансон.

Друга причина зошто она што денес го форсираме како позитивно мислење нема ефект е тоа што не ја знаеме разликата помеѓу активирањето и инсталирањето. Кога луѓето мислат позитивно или кога имаат многу позитивни искуства, не ги земаат оние екстра 10-30 секунди за буквално да го инсталираат позитивното во нивната нервна структура, само го прелетуваат со површни мисли. Д-р Хансон вели дека таквата површност го поништува ефектот на позитивното мислење.

Позитивните искуства ги користат нашите стандардни системи на меморија, одат од краторочна во долгорочна меморија. Но, за да се создаде искуството, доволно долго треба да се задржи во краткотрајната меморија, да “потоне” подлабоко и да се акумулира во долгорочната меморија. Колку често тоа го правиме? прашува д-р Хансон. Веднаш штом ќе помине едно убаво малку позитивно искуство. Кога сме направиле нешто, погледнавме низ прозорецот и ги видовме цвеќињата, сончаната улица, слаткото дете, кога чоколадото нѝ се топи на јазикот, не си даваме дури пет секунди, туку се фрламе и давиме на првата негативна мисла која чека на ред, бидејќи од тоа направивме цела култура. Мислиме дека на некој бизарен начин поморално е да сме загрижени со негативните мисли кои се тркалаат низ нашата глава , отколку да бидеме смирени и среќни со нормален живот.

Така што убавите моменти, наместо да ги заробиме и складираме во мозокот, буквално ги фрламе во заборав, ги фрламе во ѓубре, предупредува д-р Хансон.

Продолжува на страна 4

Во исто време, за одговор на ситуации кои ги чувствуваме како закани не се потребни никакви напори, ова е еволутивен одговор, автоматски. Но, тој, исто така, се населува и тоа многу ефикасно и кога не го контролираме со подеднакво живописно позитивно искуство. Тој почнува да доминира, да го “замаглува” умот, па дури и позитивните ситуации можеме да почнеме да ги доживуваме како негативни и стресот се претвора во физичка и ментална болест. Природата предвидела дека во таа, реактивна состојба остануваме многу кратко, колку што е потребно за да избегаме или колку што е потребно за борба и дека по негативното искуство моментално целосно го враќаме мирот и среќата, како и зебрите кои го преживеале нападот на лавовите по што продолжуваат мирно да пасат како ништо да не се случило. Овој мир е состојба во која би требало да трошиме повеќе од времето за да останеме во природна рамнотежа, здрави. Телото може да се обновува и да се исцели само кога мозокот е во респонсивна состојба. Исто така, според д-р Хансон, само во респонсивната состојба може ефикасно да се учи од грешките и да се спречат идните стресови на реактивната состојба. Подоцнежните нервози и повторното активирање на негативните искуства во мислите нема да нѐ направи попаметни, туку поглупави. Ова е, вели д-р Hasnon, измерен и докажан невролошки факт, но нашето образование сѐ уште е посилно од знаењето. Нè научија дека колку подолго ќе се жалиме на негативни искуства, толку повеќе ќе извлечеме корист од нив, но научниците велат дека тоа не може да биде далеку од вистината.

Ако се опуштиме, мозокот во голема мера самиот ги обработува негативните искуства и добива лекции од нив, па тоа ги зголемува шансите дека кога ситуацијата кои ги предизвикале повторно ќе се појават, речиси автоматски попаметно ќе реагираат ако премногу не мислиме за нив. Една од причините зошто тоа го правиме е, според д-р Хансон, длабоко вкоренето сентиментализирање на животот на ловците-собирачи, како што е прикажано во успешниот тренд на т.н. палео – диетите и палео-начинот на живот. Животот е многу полесeн денес , можеме да ја контролираме болката, да ја чуваме храната, имаме закони и хигиена. Но, од друга страна, постојано сме изложени на мал до умерен стрес кој долго и тивко го поткопува нашето ментално здравје. Ние сѐ уште не се навежбавме како да ги користиме предностите на нашиот поразвиен мозок, волјата, разумот, само-контролата, лесно и без голема потреба се препуштаме на неговите стари, “анимални ” сегменти кои ги нареуваме инстинктивни иако обично тоа не се. Со цел да се извлечеме од тоа, д-р Hasnon препорачува да ги игнорираме културните истражувања, нашиот и бездруго релативен впечаток за тоа што е нормално и навиките и да се обидме да се сетиме на колку што е можно наједноставната, но ефективна луда работа, дека сме физички безбедни, сити и сѐ уште живи. Ако барем 10 секунди успешно уживаме во знаењето дека нашите основни потреби – безбедност, задоволство и поврзаност – се решени, со текот на времето ние ќе ги развиеме невролошките супстрати и ќе создадеме чувство на задоволство, “во стомакот”, ќе бидеме навистина среќни што сме во ред, а ако продолжиме со оваа практика, со текот на времето ќе го развиеме капацитетот на внатрешното задоволство кои нема да ги нарушат ниту животните проблеми.

Продолжува на страна 5

Звучи невозможно? Не постои друга алтернатива освен да се обидеме. Некои искуства, вели д-р Хансон, поприменливи се за оваа намена од другите. На пример, ако подобро обрнеме внимание на моментите кога се релаксираме, кога се смируваме или се чувствуваме заштитени, многу побрзо ќе го развиеме трајното чувство на моќ и способност, бидејќи овие искуства “удраат” директно до мозочните системи за безбедност. Полесно и побрзо ќе излегуваме од реактивната состојба и стресот.

Чувството на благодарност, радост, достигнувањата, “удира” директно на чувството на исполнетост, го заменува длабокото задоволство кое нѝ пречи на сите нас и толку е сеопфатно што веќе и не го забележуваме. Ако се обидеме подобро да ги впиваме тие искуства, со време ќе почнеме да чувствуваме дека помалку од тоа нѝ недостасува, ќе почувствуваме дека имаме доволно од сè и дека имаме на што да се потпреме за да го создадеме она што го сакаме. Полесно ќе се носиме со загубите и разочарувањата.

Меморијата и апсорпцијата на секој момент кога некој нѝ покажал љубезност и наклонетост, кога некој пријателски постапил кон нас, со време го развива чувството на поврзаност, се отстранува стравот од изолација и неизвесноста, па можеме полесно да го толерираме одбивањето или изоставувањето, објаснува д-р Хансон. Па така со едноставни секојдневни зафати со текот на времето ќе го зајакнеме чувството дека се исполнети нашите основни потреби, ќе направиме солидна основа на своето ментално здравје.

Иако на прв поглед не изгледа така, овој начин на живот може да предизвика драстични подобрувања во секојдневието, фантастично, смирено чувство на слобода и радост без еуфорија или ризик дека ќе станеме дефокусирани. Како што покажале голем број на тешки животни приказни, човекот може да развие неверојатна ментална сила и отпорност и да го сочува здравјето во неверојатно непријателските ситуации. Не се потребни кршеници и драми за да се развие отпорност. Д-р Хансон тврди, повикувајќи се на бројните истражувања за тоа, дека човекот во нормалниот живот може самиот да ја развие натпросечната отпорност на стрес и негативност, и покрај тоа што редовно тоа го вежба. Во тоа, вели тој, физичката активност, фитнес и спортот неверојатно помагаат, но клучна е упорната, долгорочната и доследната работа која секој мора да ја прави за контролата на своите доживувања и за “репрограмирање ” на мозокот од машината која се сеќава само на лоши работи во напредна машина за комплетно согледување на животот и генераторот на среќа.

Новиот слоган гласи вака: Животот е тежок, ајде да бидеме среќни

Автор: Сања Симиќ