СЕМЕЈСТВО

Како да продолжите понатаму по измама во врската или бракот

By kukuriku

March 19, 2019

Кога некое лице открива измама во врската/бракот, тоа за неа претставува интензивно и болно емотивно искуство. Она што е карактеристично за оваа состојба е почетната фаза на шок или неверување, а потоа конфузија, конфузија во емоциите и конфузија во мислите.

На лицето му се движат по главата мисли/слики фокусирани на чинот на измамата, како тоа се случило, каде и со кого (ако не открила), во кој период, дали е само еднаш или имало повеќе пати, мисли во врска со партнерот како тој можел да го направи тоа, како се осмелил тој/таа е лоша/неморална, безвредна личност (таквите мисли го одржуваат чувството на огорченост и лутина), лицето преиспитува што не било во ред во врската со партнерот/- ката, размислува за тоа како не можела да забележи што се случува или забележувала, но не реагирала, понекогаш размислува дали придонела за такво нешто да се случи што предизвикува доплнително чувство на вина.

Личноста може да ги доведе во прашање своите физички и ментални карактеристики, нејзината самодоверба може да се разниша, бидејќи нејзиниот партнер избрал некој друг, а не неа, можеби тоа лице има нешто што тој/таа не го поседува.

Некои луѓе ја разрешуваат оваа конфузија така што донесуваат цврста одлука да излезат од врската, меѓутоа, за некои е многу тешко да се одлучат на тој чекор. Во дилема се “Што да се прави?”, се чувствуваат повредени, лути, фрустрирани, дури и отфрлени, но од друга страна размислуваат за тоа да му простат на својот партнер и да останат во врската. Во овој текст ќе стане збор токму за овој вид на дилема, која во пракса често се среќава кај клиенти кои биле измамени од страна на партнерот.

Дали навистина сакате да останете во врска/бракот со партнерот/ката кој/а ве измамил/а?

Продолжува на страна 2  

Ако сте си го поставиле ова прашање, пред сè е битно да не размислувате повеќе за партнерот и самиот чин на измамата, за она што се случило и повторно и повторно да се оптоварувате и повредувате себе си со различни сценарија во главата. Важно е веднаш и целосно да се фокусирате на СЕБЕ и на своите сопствени ПРИЧИНИ за останување во врската/бракот. Причините за останување можат да бидат различни, проверете дали вашата причина навистина е љубов кон партнерот или е нешто друго во прашање. Ќе наведеме некои можни причини за останување во врска/бракот:

Страв од осаменост. Може да се случи дека ви и е многу потешко да ја поднесете ситуацијата повторно да сте сами отколку да останете во врската, бракот, дури и ако вашиот партнер ве измамил. Самата идеја на тоа дека си сам и немаш некој покрај себе, ве ужаснува и имате впечаток дека би почувствувале уште поголема емоционална болка отколку што сега ја чувствувате.

Страв да почнете одново. Размислувате за тоа колку е тешко повторно да се најде партнер, дека сте можеби помалку посакувани или интересни за спротивниот пол, дека сте излегле од “форма”, кога станува збор за комуникации, флертувања, излегувања на состаноци. Тоа за вас претставува застрашувачко ново поле, во кое не знаете како ќе се снајдете.

Одмазда. Сакате да останете во врска/бракот само за да му се одмаздате на својот партнер/ка, сакате да ја почувствува таа количина на болка која сте ја почувствувале. Мислите дека така ќе биде полесно за вас и дека вашата болка ќе исчезне или барем ќе биде помала.

Финансиска сигурност. Вие останувате затоа што сметате дека не сте доволно способни за да обезбедите финансиска сигурност за себе. Вие нема да се откажете од конфорот и начинот на живеење што сте го имале досега, мислите дека е поважно од емоционалниот однос што го имате со вашиот партнер.

Деца. Ако измамата се случила во брак во кој веќе има деца, тогаш често се останува во бракот поради децата. Сепак, тензијата која постои помеѓу партнерите децата лесно можат да ја почувствуваат, особено ако измамената страна ги вклучи во проблемот кој се случил, а кој ги засега само возрасните.

Се срамите од она што ќе речат другите. Некои луѓе измамата од страна на партнерот ја доживуваат како свој пораз. Се плашат да им признаат на пријателите и роднините дека нивниот партнер ги измамил и ја прикрива целата приказна. Често постојат уверувања дека бракот мора да опстане по секоја цена и дека е срамно да се разведе заради такво нешто.

Продолжува на страна 3

Ова се само некои од причините кои можат да постојат во вашата глава. Важно е да знаете што навистина сакате и дали сакате вашиот партнер да се врати. Се разбира, претпоставувајќи дека другата страна сака да остане и дека изразува одредено ниво на искрена вина и каење. Она што е важно е фактот што не можете да очекувате односот да биде ист како и пред измамата, двие сте се промениле, довербата е уништена, а љубовта кон вашиот партнер е доведена во прашање. Исто така, партнерот има одредена збунетост во главата и може да се случи, иако ви кажува дека сака да се врати, тој да чувствува само емоционална клацкалка.

Ќе ви треба многу сила пред сè да се утешите, надградите, засакате, па дури потоа да изградите врска со вашиот партнер. Исто така, не треба да му покажете дека сте депресивни, очајни, дека вашата самодоверба е нарушена, да критикувате, напаѓате, да се карате. Бидете свои, не сте вие виновна за измамата, тоа е проблем кој постои во вашиот партнер, така треба тоа и да му го претставите.

Но, кога тоа ќе му го претставувате, мора да бидете во мир и задоволни со себе, без критичен тон, без самосожалување, без да држите лекција за моралот. Јасно претставете му ја ситуацијата на вашиот партнер и заедно разгледајте ги причините зошто до тоа дошло. Многу е важно што вашиот партнер ќе ви изнесе како причина затоа што од тоа може да зависи и ваша одлука за останување или напуштање.

Наведете ги последиците од неговото/нејзиното однесување. Ако одлучите да останете и да простите, партнерот мора да види дека сте стабилна личност која се грижи за себе и се почитува себеси, која рационално го прифаќа она што се случило и останува, но не затоа што зависи од партнерот на кој било начин, туку затоа што тоа го сака, бидејќи таа сè уште има емоции за другата страна.

Дипл психолог Сања Марјановиќ

vaspsihologsanjamarjanovic@gmail.com

skype: психологија