Овошје пред главното јадење
Препорачливо е да консумирате овошје 30 минути пред јадење на нешто солидно. На овој начин храната се вари полесно. Јадењето овошје на празен стомак помага за детоксикацијата на телото, апсорпцијата на витамините во нив и дава доволно енергија на организмот.
Не вечерајте доцна
Вечерајте не подоцна од 20 часот. Така желудникот ќе има доволно време да ја сомели храната прeд спиење, а и вие нема да сте во искушение да каснете нешто мало дополнително пред да си легнете.
Внимавајте со течностите
Возрасен човек треба да пие барем 10 чаши вода во текот на денот, но малкумина знаат кога е вистинското време за тоа. Ако внесувате вода меѓу оброците тоа го забавува дигестивниот систем, поради што се разводнуваат киселите сокови во желудникот и последователно внесената храна не се обработува добро. За да се избегне ова, пијте вода 15 минути пред или после јадење.



















