Како да ослабете без диета

1161

Има купишта различни диети кои ветуваат одлични резултати. Некои навистина делуваат, но додека се подложувате на нив, постојано чувствувате глад, а и сте психички напнати, бидејќи знаете дека се ограничувате.

Да не заборавиме и за јо-јо ефектот по диетите – човек се смирува симнувајќи неколку килца и потоа ќе го стигне неосетно изгубеното.

За да изгледате и да се чувствувате добро, мора да се променат целосно вашите навики во исхраната. Не за недела, месец или година, туку за цел живот. И тоа не задолжително е поврзано со конзумирање само на овошје и зеленчук во мали порции.

Еве неколку прехранбени трикови кои ќе ви помогнат да ослабете без глад и диети:

Џвакајте повеќе, јадете помалку

Истражувања покажале дека колку подолго ја џвакате храната, толку помалку количество од неа ќе сносите. Долгото џвакање заштитува од прејадување, бидејќи дава доволно време на мозокот да испрати сигнали до телото, дека тоа е сито. Експертите советуваат да се џвака секој залак во просек помеѓу 35-50 пати.

Не го пропуштајте појадокот

Има причина тој да биде нарекуван најважниот оброк во денот. Вашето тело има потреба од неколку “полнења со енергија” во текот на денот и кога ќе го пропуштите појадокот, сте прегладнели до пладне и има голема веројатност да се прејадете или во меѓувреме да се натовите со калории и помалку хранливи работи како чипсови, кроасани, бисквити.

Пропуштајќи го појадокот, вие го кочите метаболизамот. Експертите советуваат да каснете нешто час по станување наутро.

Продолжува на страна 2