Маслото во утринската чаша кафе го заменува шеќерот и може да замени дури и целосен појадок, покажува новото истражување на британски експерти.
Еспресото, несот, капучиното сега се достапни со лажица масло, наместо млеко и шеќер. Овој тип кофеински пијалок станува популарен во САД и Велика Британија, а се нуди во повеќе кафулиња, додека рецептите за подготовка дома го преплавија интернетот.
Кофеинската опсесија со масло може и да ви звучи како нездрава бомба во чаша кафе, но всушност маслото е многу подобра алтернатива на шеќерот и засладувачите.
Пијалокот е исклучително погоден за луѓе кои не доручкуваат наутро.
Според експертите чаша кафе со малку масло го изострува вкусот, согорува калории и ве тера да се чувствувате добро до пладне.