ИСТРАЖУВАЊА

Каде во нашето тело се кријат нашите чувства? Научниците направиле интересна мапа | Видео

By kukuriku

September 20, 2018

Среќа, тага, завист, задоволство, љубов, страв, љубомора, надеж … Тоа се нашите чувства кои барем еднаш сме ги искусиле, а можеме да ги забележиме и кај другите.

Но, дали некогаш сте се запрашале што се случува во нашето тело кога се создава одредено чувство? Кои органи се активни кога се создава една, а кои се активни при создавање друга емоција?

Токму на овие прашања одговориле резултатите од најновите истражувања на финските научници. Laura Nummenmaa, Riitta Hari, Jari K. Hietanen и Enrico Glerean го објавиле својот труд под наслов “Карта на субјективни чувства”, и дошле до некои интересни заклучоци.

Истражувањето беше спроведено на 1026 испитаници кои пополниле прашалник поделен на три дела. Во првиот дел, на секое од стоте наведени чувства морале да ја одредат силата, во смисла на промените во телото кои тие ги доживеале. Вториот дел подразбирал субјективна идентификација на слични чувства, додека третиот, во исто време, најважен, се фокусирал на нивниот обид да лоцираат одредено чувство во нашето тело.

По собирањето на сите пополнети прашалници, научниците ги истражиле нервните сличности меѓу чувствата што ги групирале испитаниците, и ги истакнале како слични. Ова резултирало со поделба на пет групи чувства присатни кај луѓето. Негативните чувства како состојба на депресија го обземаат целото наше тело.

Продолжува на страна 2

Прва група – Позитивните емоции: среќа, љубов, гордост и емпатија,

Втора група – Негативни емоции: гнев, страв, срам и осаменост;

Трета група – Когнитивните процеси: размислување, мечтаење и сеќавања;

Четврта група – Соматски состојби и болести: болка, постојаното накашлување и чешање

Петта група – Хомеостатични состојби: глад и жед.

Продолжува на страна 3

Таквата поделба им овозможила точно да лоцираат каде настанува промената во телото кога се доживува некое од овие чувства.

Со помош на приказ на температурата на телото на човекот, при одредено чувство дошле до заклучок дека, на пример, чувствата како релаксација, љубов или депресија се присутни во целото телото, додека лутината, срамот и анксиозноста се манифестираат во облста на целиот труп и главата.

Од друга страна, некои соматски состојби како што се болките поврзани се со оној дел од телото кој нè боли во дадениот момент, а слично е и со когнитивните процеси како што се мечтаењата и размислувањата кои во текот е активен само пределот на главата.

Како на жители на Финска, едена од најсреќните земји во светот, на спомнатите научниците им било важно во овие истражувања да дознаат што ги разликува среќните луѓе од оние помалку среќни, како и тоа дали чувствата навистина влијаат на нашето севкупно здравје.

Со своето работење докажале дека меѓу чувствата и промените во телото навистина постои нераскинлива врска, но и да нѝ овозможат, сега кога сме запознаени со овие податоци, полесно да ги контролираме своите чувства и на тој начин да влијаеме на здравјето на целиот организам.