Јапонија предупреди на ниво 5 и најави можна катастрофа | Фото/Видео

166

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредувања за вонредни состојби со дожд за многу делови на централна и источна Јапонија.

alt

Предупредувањата се од највисоко ниво 5 на скалилото на агенцијата. Ова ниво предупредува дека е можно да се случи катастрофа.

Назначените области се: Префектурата Шизуока, Префектурата Канагава, Токио, Префектурата Саитама, Префектурата Гума, Префектурата Јаманаши и Префектурата Нагано.

Овие области доживуваат големи врнежи од дожд кои се гледаат само еднаш во неколку децении. Постои непосредна опасност од лизгање на земјиштето и поплавување.

Населението е повикано да направи сé што можат за да се заштитат себеси.

Ако луѓето сметаат дека е премногу опасно да се преселат во установи за итни случаи, агенцијата ги повикува луѓето да се качат на повисок кат или да најдат блиска силна зграда.