Јанчев преговарал со Хари Костов за продажба на „белата палата“

226

Актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев во интервју за емисијата „Во Центар“ изјави декабил задолжен да најде купувач за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје или попознаткако „белата палата“, но дека се случиле опструкции во партијата и дека тоа не се реализирало.

– Како Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ предложив да ја продадеме Белата палата. Не може да бидеме народна партија во држава каде што дел од народот и наши гласачи живеат дневно со по две евра, а ние да функционираме во палата каде еден кваратен метар од паркетот чини околу 500 евра, тврди Јанчев.

ИК на партијата го прифати мојот предлог и ме задолжи да ги почнам преговорите со Комерцијална банка и со некои бизнисмени кои би биле заинтересирани за купување на зградата. Јас имав средба со директорот на Комерцијална банка, Хари Костов и требаше да најдеме овластена куќа која ќе изврши проценка на вредноста на „белата палата“. И тогаш почнуваат игрите и опструкциите внатре во партијата. Не можам да кажам дали тоа го нареди Груевски или некој друг но почнаа опструкциите околу продажбата на зградата. Сега таа не може да се продаде бидејќи со процесот „Талир“ е замрзнат имотот на партијата. Но ако еден ден дојдам на чело на партијата веднаш ќе ја продадам „белата палата“, вели тој.