РЕЦЕПТИ

Јагнешко со суво овошје

By kukuriku

May 15, 2021

Потребно

5 лажици масло 1 кг јагнешко месо 1 голема главица кромид 5 лукчиња 1 лажичка црн пипер 5 големи излупени домати 1/2 чаша сушени кајсии 1/2 чаша сливи магдонос за попрскување сол и црн пипер за овкусување на месото и дополнително за овкусување на јадењето

Подготовка

Во длабока тава загрејте добро масло и ставете го месото исечено на мали парчиња и зачинете го со сол и црн пипер. Испржете го добро од сите страни, додека се формира кафеава коричка.

Потоа извадете го во чинија. Во истите масти ставете исечени кромид и лук.

Откако ќе омекнат додадете ги црвениот пипер, кајсиите, сливите, исечени домати и 4 чаши вода или супа. Оставете да зоврие и намалете го шпоретот. Додадете го јагнешкото и гответе на тивок оган додека сосот се згусне. Конечно зачинете со свеж магдонос.

Служете го јадењето со гарнир од кускус или чорба ориз.