ЗДРАВА ХРАНА

Јаболкото го зајакнува имунолошкиот систем

By kukuriku

September 18, 2020

Јаболката се извонредно овошје богато со витамин Ц, витамини од групата Б, калциум,калиум, фосфор, железо, магнезиум и цинк, но овој сочен плод содржи и многу антиоксидансии растителни влакна кои дополнително го засилуваат одбранбениот систем на телото.

Земајќи го ова во предвид, слободно може да се каже дека секое јаболко е микс од супстанции кои делуваат благотворно и на здравјето и на вашиот изглед.

Биолошки активните состојки во јаболкото остануваат релативно стабилни и зачувани и на температура од 0 степени. Не треба да се чуваат блиску до друго овошје и зеленчук, освен ако не сакате тие побргу да созреат, бидејќи јаболката испуштаат етилен, кој го подобрува созревањето.

Од едно скапано јаболко во ќесата сè побргу ќе пропадне. И тоа не е сè. Компирот ќе изрти ако стои покрај јаболка, а цвеќето ќе овене ако покрај вазната стои чинија со јаболка.

Поради богатството со растителни влакна, потоа витамин Ц и калиум, јаболката се корисни при заболувања на срцето и крвните садови. Танинската киселина од јаболката го спречува таложењето на маснотиите во црниот дроб, а витаминот Ц со јодот, кој го содржат некои видови, го спречува заболувањето на штитната жлезда.

Благодарение на диететските растителни влакна го нормализираат варењето и ја регулираат столицата. Поволно делува и на регулирањето на нивото на холестерол во крвта, го намалуваат ризикот од рак на белите дробови, дебелото црево, простатата.