Извршени се 483 контроли, два угостителски објекти не ги почитувале мерките

140

Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 5279 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 585 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 483 контроли во објекти при што евидентирани се 2 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 337 лица им се издадени решенија на изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин спроведени се 118 лица.