Извештај “тежок за читање” | Google ги штител сексуалните престапници во компанијата!

108

Многу медиуми ја цитираа приказната за прикривање на сексуалната злоупотреба во Google – насилниците морале да ја напуштат компанијата, но од Google добиле милиони.

Откако “таткото на Androidot” го напуштил Google во 2014. година, низ мрежата се прошириле гласини дека причината за неговото заминување е забранетата врска со колешка од компанијата, но по вчерашниот извештај на New York Times се чини дека ова прашање е многу посериозно и дека тимот од Google многу нешта треба да објасни. Имено, во наведениот извештај се вели дека Рубин ја принудил вработената во компанијата на орален секс во хотелска соба во 2013. година – Google спровел истрага и нејзините наводи се покажале како точни.

И покрај тоа што се чини логично дека поради сексуална злоупотреба во случајот се вклучила полицијата, и дека Рубин веднаш бил отпуштен, раководителите на компанијата го премолчиле целиот случај и откако Рубин го убедиле сам да си замине, му овозможиле исплата од 90 милиони долари, кои му биле исплатени на рати како надомест за напуштање на компанијата. Така Google на Рубин му “излегле во пресрет” поради успехот кој во текот на годините ги постигнеал со компанијата, се вели во извештајот – адвокатот на Рубин ги отфрлил сите обвинувањ, нарекувајќи ги за неточни.

Но, тоа не е сè, бидејќи шефовите на компанијата премолчиле уште два случаи поврзани со сексуално вознемирување и заштита на високи службеници на компанијата. Amit Singhal, кој несоодветно ја допирал вработената во компанијата во 2015 година, исто така, ја напуштил компанијата со отпремнина во вредност од милиони долари – новинарите уште пред неколку години, пишувале за обвинувањата за сексуална злоупотреба.

Во новинарскиот извештај се спомнува и Дејвид Драмонд, шефот на правниот оддел на Alphabet и фондот CapitalG на Google – и тој се сплеткал со вработена во компанијата со која имал син. Откако нивната врска е откриена тој или неговата партнерка морале да ја напуштат компанијата, а во разговорот со новинарите таа рече дека било очигледно дека Давид нема да излезе од Google, па таа морала да се повлече и да најде нова работа. Исто така, треба да се потсетиме на вонбрачната афера на ко-основачот на компанијата Сергеј Брин, кој, исто така, бил фатен со една колешка од Google.

По овој извештај се јавиле и сегашниот извршен директор на Google Sundar Pichai и Eileen Naughton од човечките ресурси – во е-маил на вработените (кои брзо се проширил на интернет), истакнале дека наведениот извештај е “тежок за читање” и ја нагласиле својата сериозност во намерата на сите во Google да им обезбедат безбедни работни услови. Тоа особено важи за пријавите за несоодветно однесување и сексуална злоупотреба кои ги истражуваат и “преземаат соодветни мерки”. Тие, исто така, истакнале дека во изминатите години направиле многу промени, вклучувајќи го и построгиот пристап при несоодветно однесување и за луѓето кои се на високи позиции.

Овој ригорозен пристап резултирал со 48 откази, колку луѓе во компанијата во изминатите две години биле отпуштени поради сексуално малтретирање, вклучувајќи и 13 високи менаџери и никој од нив не добил отпремнина.

Извор: CNN