АРХЕОЛОГИЈА

Израелските научници направиле пиво со квасец стар 5000 г. п.н.е.

By kukuriku

May 23, 2019

Група израелски научници употребиле квасец од древните глинени садови, од кои некои се стари 5.000 години, користен за правење пиво во библиските времиња, да направат модерен пијалок.

Научниците од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим, од Израелската управа за антиквитети, Телавивскиот Универзитет и Универзитетот Бар Илан проучувале примероци од квасец од пукнатините на остатоците од тие садови и успеале да направат пиво.

Археолозите им ги дале садовите користени за пиво и медовина, и на нивно изненадување, квасецот во нив кој преживеал илјадници години успешно можел да се користи.

Професорот Јувал Гадот Телавивскиот универзитет, рече дека во Рамат Рахел, на најголемото персиско наоѓалиште во Јудејското кралство, пронајдени се многу бокали со буквите Ј Х Д (согласки на зборот Jehud).

Тој додаде дека на кралското место како ова веројатно се консумирал алкохол во домот на персискиот гувернер.

Овие садови датираат од времето на владеењето на египетската фараонот Нармер (околу 3000 п.н.е.) до арамејскиот крал Хазаел ( Азаил, 800 години п.н.е.) и пророкот Неемиј (400 п.н.е.), кои, според Библијата, управувале со Јудеја успеа под власта на Персијците.

Истражувачите потоа секвенционирале цел еден генетски код за секој примерок од квасецот и го предале на д-р Амир Ситенберг за анализа.

Тој открил дека културата на квасецот стар 5.000 години е слична на квасецот на модерното пиво но и на оние кои се користат во традиционалните африкански пијалаци како што е етиопската медовина.

Израелскиот експерт за пиво Итај Гутман им помогнал на научниците да направат пијалок пофален од меѓународни дегустатори, пренесува Бета.

Јицак Паз од израелската управа за антиквитети, рече дека ова е прв проект од овој вид и дека се работи за вистински пробив, бидејќи за прв пат со успех е направен древен алкохолен пијалак од древен квасец, со други зборови, од оригинални материи од кои е правен алкохолот, а тоа никогаш порано не се случило. 

Ронен Хазан од Хебрејскиот универзитет, рече дека проектот има важни импликации кои ги надминуваат едноставните пијалаци, т.е. дека чудо како квасецот преживеал илјадници години.

Тој рече дека благодарение на ова се дошло до сознание каков бил вкусот на древното пиво, додавајќи дека не е лошо, и наведува дека се работи за истражување важно во областа на експерименталната археологија која тежнее кон реконструирање на минатото, пренесуваат израелските и странските медиуми.

Пивото било вообичаена пијачка на луѓето што живееле во античкиот Египет и Месопотамија.

Во некои египетски текстови се алудира на различни видови пива, вклучувајќи ги и “Железното пиво”, ” Пријателско пиво” и “Пиво заштитник”, пренесува АП.