Излезноста до 15.00 часот е 31,78 отсто

191

Портпаролот на ДИК, Адмир Шабани денеска на пресконференција ја соопшти излезноста на предвремените парламентарни избори до 15.00 часот.

– ДИК ги собра податоците за излезноста на гласачите во овие избори до 15.00 часот и излезноста изнесува 31,78 проценти – соопшти портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

Шабани детално ги изнесе податоците за гласање по општини, односно за тоа колкав процент на граѓани излегле во секоја поединечна општина.

Најголем одѕив има во Четвртата изборна единица каде излезноста е 35,56 отсто, а најмала и понатаму е излезноста во Шестата изборна единица – 22,85 проценти.

Портпаролот на ДИК Адмир Шабани информира дека во Првата изборна единица излезноста е 34,51, во Втората – 29,96, во Третата – 37,24, во Четвртата-35,56, во Петтата – 31,51 и во Шестата – 22,85 отсто.