Со радост очекуваше да се види во нова улога во нов процес. Секој лик му носеше радост и го даваше најдоброто од себе.
Колега кој постојано зборуваше за театарот, кој за другите не премолче ништо, а за себе премолче многу, забележаа вчера на комеморацијата колегите на актерот Славиша Кајевски од Македонскиот народен театар (МНТ) кој почина завчера на 39 години.
Кајевски беше погребан вчера на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје.