Изгоре катедралата Нотр Дам во Париз | Пренос во живо

190

Гори познатата катедрала Нотр Дам во Париз!

Во големата париска катедрала Нотр Дам избувна пожар. Овој познат споменик е речиси невозможно да се види од ширењето на чадот по целиот град, први се извештаите на светските медиуми.

Првиот повик за пожарот, кој наводно избувнал во една од кулите, бил во 17:50 часот, а веднаш потоа е извршена евакуација. Огнот, според информациите од местото на настанот, го голта покривот и камбанаријата.

Парижаните активно споделуваат видеа и фотографии од огнот, а сè уште е непознато што го предизвикало. Пожарникарите се на терен и се трудат да го изгаснат пламенот.

Notre-Dame Fire

BREAKING: Paris’ iconic Notre-Dame cathedral is on fire

Gepostet von LADbible am Montag, 15. April 2019