Италијанскиот весник La Verita објави видео кога Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец со торба пари излегуваат од kуќата на Орце Камчев.
На видеото се гледа као се бројат парите и како излегуваат Боkи 13 и Зоки Кичеец од куќата на Орце Камчев. Има и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бokи 13, каде што Боkи му објаснува на Камчев дека најдоцна до вторник ќе биде ослободен.
Боkи 13: “Во понеделник ќе ве ослободат.”
Орце: “Добро.”
Боkи 13: “Вторник најкасно веројатно. Врховен ќе ве ослободи.”
Орце: “Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник.”
Боkи 13: “Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби.”
Орце: “А Апелација?!”
Боkи 13: “Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор степен. Начелното правно лице и советот се повикова автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продужува, да го одолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода.”