Истекување на гас создаде пламен на површината на океанот | Видео

580

Пожарот на површината на океанот западно од мексиканскиот полуостров Јукатан беше изгаснат рано во петокот, објави државната нафтена компанија „Пемекс“, наведувајќи дека причина за пожарот е истекување на гас од подводен гасовод.

Светло портокаловиот пламен што излегува од водата како стопена лава е наречен „огнено око“ на социјалните мрежи поради кружниот облик на пламенот, пренесува „Ројтерс“.

Потребни беа повеќе од пет часа за целосно гаснење на пожарот, а никој не беше повреден.