Тепање, кршење на рацете и нозете од постарите штитенци, додека чуварите само ја вртеле главата на другата страна …
Во времето на престојот во домовите за напуштени деца и воспитно-поправните домови безброј пати сум размислувал за самоубиство поради тоа што често ми се чинеше дека животот нема смисла – раскажува Марио К. (34), поранешен штитеник во домот за незгрижени деца
Марио К. (34), професионален возач на камион од Загреб, оженет, татко на две деца, кој поголемиот дел од својот живот го поминал како штитеник на домови за напуштени деца и во воспитно-поправните установи за малолетници, одлучил токму пред божиќните празници да ја сподели својата болна животна приказна која досега ја криел и од своето семејство и длабоко ја потиснувал во себе.
Потресен од вести дека и денес во домовите за рехабилитација се живее како во најопасните затвори за закоравени криминалци, помислил дека мора да проговори за ужасната реалност на тие деца, напуштени од родителите и од општеството – за силувањата, тепањето, грабежите, дрогата и заташкување на убиствата.
– Неодамна се сретнав со 17-годишник чија биографија ме разувери дека сегашната ситуација во детските домови е подобра од кога бев штитеник. Дознав дека, за жал, ништо не е променето од психичкото и физичкото до сексуалното насилство, дрога и оружје, како составен дел од животот во домот. Во медиумите, очигледно, успеваат да ја прикажат само украсената фасада. Во првиот момент бев скептичен кон непознатиот млад човек, но кога тргнал да ги спомнува познатите имиња на омразените негуватели, старателите и наставниците, сфатив дека бил во иста позиција како и јас пред 25 години – ја почнува својата приказна на Марио К. за Jutarnji.hr.
– За среќа од сето тоа излегов посилен, бидејќи и јас бев сексуално малтретиран, тепан и навредуван, што во меѓувреме сум го потиснал. Ова момче е целосно уништено, а до полнолетство сѐ уште мора да преживее во внатрешноста на домските ѕидови, па ми се довери дека купува време со тоа што ќе исценира неред, да речеме, ќе испокрши прозорци, по што автоматски повикуваат брза помош и ќе го одвезат во психијатриска болница во Јанкомир. Како и јас, едвај чека да остане сам, дури и на ветрот, без ништо и никого, туку да започне нов живот, ослободен од присилни кражби, питачење и сите грди домски навики. Првото нешто што си го ветив по напуштањето на домот беше дека нема тоа да го правам, а најголемиот сон беше за мене да имам свое семејство, да најдам жена, да се смирам и да живеам нормален живот – продолжува Марио К.
Продолжува на страна 2
Марио К. живее во хармоничен брак веќе 11 години, но сѐ уште има кошмари заради ужасите кои ги проживеал во домовите.
– Чувството на традиционалните вредности ми ги всади мојата прва згрижувачка – ја нарекував едноставно баба – благодарение на која ја добив сета добрина и доблестите во себе – се сеќава 34-годишниот Марио К, сега главата по сѐ просечното четиричлено загребачко семејство.
Сопругата и тој заработуваат за леб за себе и за своите две мали деца, живеат во нејзината семејна куќа во западниот дел на градот, подеднакво се омилени меѓу староседелците во слични куќи и новодојдените сопственици на вили од која има прекрасен поглед на метрополата. Оние на кои им раскажал само дел од нивните мрачни тајни се шокирани и во неверување се чудат како некој со животното искуство кое е премногу и за најгроморозно сценарио така – нормален. Сето тоа, најверојатно, би останало во неговата последна фиока на спомени, во еден момент на површина излегога сите демони од минатото.
– Јас работам како професионален возач на камион, а на 6 октомври ми се случи сообраќајна несреќа на обиколницата во близина на Бјеловар. Удрив велосипедист, кој почина во болницата и тоа е сѐ што знам, затоа што до денес на моите прашања никој од надлежните не одговори, а мене од тој настан во главата ми остана целосно затемнување. Сè уште не е поднесено никакво обвинение, но кога слушнав дека убив врсник ми се слоши и се пријавив на лекување. Иако сите ме тешеја, почнувајќи од сопругата, сфатив дека може само да ми помогне професионална помош – вели Марио.
– Само десет дена по несреќата, се пријавив на Јанкомир, затоа што постојано ми се вртеа деталите на тој судбоносен ден: мојата вообичаена пауза за топло какао, листање весници и поглед во убаво сончево утро на бензинска пумпа Lepirac, продолжување со возењето на празниот пат при јасна видливост, трепкачот кога го уклучив за да го заобиколам велосипедистот и тапиот удар. Закочив и погледнав во ретровизорот, свиткан, па веднаш сфатив дека нешто закачив. Отпрвин мислев дека тоа е птица или некое друго животно, затоа што по патот имаше шума, но кога дојдов зад камионот, имав што да видам: на патот лежеше човек – додава Марио.
Продолжува на страна 3
– Неподвижен го однесоа до болницата од каде што слушнав дека бил донесен во кома. Полицијата ми рече дека ќе се јават за еден месец (во моментот сѐ уште се работеше за потешка повреда), по што јавниот обвинител, вообичаено во такви ситуации, ќе постави обвинение. Тие направија записник и ме прашаа дали сум конзумирал алкохол, на што им одговорив дека воопшто не пијам. Сепак, на алкотестот кој покажа нула промили на алкохол не ми веруваа дека е така, па ме испратија на вадење крв. Мирно се согласив, иако ме повреди што се однесуваа кон мене како кон криминалец: сто пати сум прашал како е човекот, но никој не ми даде одговор. Само ми преостана да ангажирам адвокат и да чекам. На разговорот во психијатриската болница во Јанкомир ми предложија хоспитализација, бидејќи имав кошмари, бев нервозен деноноќно, со епизоди на несоница, нетолерантен кон семејството … – продолжува тој.
– Во таквата состојба се согласив, само до одреден степен да го симнам оптеретувањето. Јас се вклучив во дневната програма. Околу мене беа пациенти од различни профили, кои дојдоа заради кражба, оружан грабеж, и сл., а сите се таму доброволно. Тешко се отворам, па прво ги слушав другите и се опуштив тогаш кога сфатив дека сите зборуваат за најдлабоките тајни од дното на душата. Така дури вториот ден раскажав зошто сум дојден, прво во врска со сообраќајната несреќа, а моите подалечни сеќавања ги предизвика случајно девојката која беше жртва на вооружен грабеж. Таа изрази надеж дека нејзиниот малолетен арамија ќе се поправи во КПД Туропоље, на што се замрзнав и додадов: Јас ќе ви кажам она што никогаш не сум му го кажал на некој: јас бев таму три години и знам дека оттаму само исклучително ретки заминуваат и растат во нормални личности. Единствените вештини кои таму може да се научат е како успешно да се украде или убие човек, најлошото од најлошото. Сето она што го нарекуваат рехабилитација се лажни реклами за јавноста – вели Марио.
Во КПД Туропоље завршил од домот за напуштени деца, бидејќи, признава, крадеше, на што, вели тој, беше принуден во бората за опстанок.
Продолжува на страна 4
– Таму имаше сѐ и сѐшто, од продажба на дрога и оружје до претепување и проституција. Кога ќе дојдеш во ситуација да дојдеш во дом како осумгодишник, ти си најмалиот, најмладиот, најслабиот во опкружувањето на двојно постари кои се, сепак, исто така, уште деца, но изопачени. Оние кои, како мене, како по правило, потоа бидат затворени во КПД Туропоље или на Црес, од кој, како што се зборувало, “не може да се избега” освен на другиот свет. Свесен сум дека ова се сериозни обвинувања, но стојам зад нив. Единствениот дом кој ми остана во повеќе или помалку добри спомени е Луг во Самобор. И таму имаше психички и физички малтретирања, но многу поблаги, а при тоа можевме да излеземе во градот поради тоа што е, сепак, само од воспитно – образовен тип – вели тој.
– Тоа е единствен дом од кои не сум се обидел да побегнам. Најголемиот дел од мојот живот го поминав меѓу четири ѕида, во борбата за опстанок. Кога неодамна во семјеството бабите-хранителки ме прашале зошто никогаш тоа не сум им го кажал одговорив дека не сум, бидејќи знаев дека: тие би го алармирале Центарот за социјална работа, институцијата каде што сум, би ги опоменале оние кои ме малтретираа, а јас би починал во текот на ноќта. Умирав од страв при помислата на некој да му се доверам. На сопругата во овие 12 години од брак ѝ раскажував само ретко добри анегдоти од домовите. Сè лошо што се случило дури сега дознала, но и мене целата приказна целосно ми се одмота пред само неколку дена во Јанкомир. Сите забележаа дека се поместував во столчето, и ми се тресат колената, бидејќи повторно сето тоа сум го преживувал, а зборовите сами течеа од мене – раскажува Марио.
– Тепање, кршење на рацете и на нозете од постарите штитеници, додека чуварите само ја вртеа главата на другата страна … Во текот на престојот по домовите за напуштени деца и воспитно-поправните домови безброј пати сум размислувал за самоубиство, поради тоа што често се чинеше дека животот нема смисла. Имаше и случаи на децата од поправните установи да излезат во сандак, а се објавува дека “исчезнале” или “избегале”. Меѓу нас останатите се знаеше дека се мртви. Некои подлегнаа на притисоците и извршиле самоубиство, обично по сексуална злоупотреба. Намерно би се предозирале со дрога или би земале преголемо количество на алкохол – некој литар коњак или некоја друга јачина веќе е доволна за дете да почине од труење со алкохол. При ликвидации, поголемите момчиња или “постарите малолетници”, како што се нарекуваат, биле во договор со чуварите – додава Марио.
– Исто така, преку чуварите во домот пристигнуваа дрога и оружје, а препродавачите беа помалите деца од десетина години. Би ви дале неколку пакетчиња, би те испратиле на пат и не би смеел да се вратиш додека не продадеш сè, така барем беше во мојот случај. Тие не сакаа да се изложуваат на апсење, бидејќи тогаш полицијата би ги притиснала да ги поткажат своите добавувачи. А ние малите деца, имавме страв, па молчевме, а и не знавме Бог знае што. Бев фатен неколку пати во разнесување, но никогаш не ги открив “колегите”. Кога завршив средно училиште, станав полнолетен и излегов на слобода. Се сретнав со некои момци од домовите кои тоа што нам ни го правеа, сега им го прават на другите деца. По домовите не може да се научи ништо добро, а деликвент создава нови деликвенти заклучив на групната терапија во Јанкомир – вели Марио.
(Jutarnji.hr)