ЖИВОТ

Исповед | На 16 години бев продадена како дете невеста – раскажува Ајша

By kukuriku

February 06, 2019

На 16 години бев среќна средношколка од Југоисточна Азија, учев и играв крикет со другарите и со сестра ми.

Тогаш еден ден дојде роднина од Австралија. Таа зборуваше тивко и нежно, ме погали и ме праша дали да ме фотографира за да му ги покаже сликите на синот, дома. Јас наскоро дознав дека сакаа да ме омажат за него

“Не сакам да се мажам,” плачев: “Сакам да останам дома, да учам и да станам докторка.”

На мама, исто така, не ѝ се допаднала идејата. Синот беше двапати повозрасен од мене и веќе беше во брак.

Другите членови на семејството дојдоа да ме видат и на крајот мајка ми не можеше да ги одбие. Таа е вдовица и имала дијабетес. Едноставно, не можеше да им се спротивстави на сите и да го посрамоти семејството.

Бев преплашена. “Не грижи се. Тоа нема да се случи уште неколку години”, ми вети мајка ми.

Се испишав од училиштето, со ветување дека можам да го продолжам своето образование во Австралија и ми беше речено да го научам домаќинството. Исто така, ми беше речено да се допишувам со вереникот.

Сè ми се случувало наскоро потоа. Мојата виза е одобрена и со 17 години отпатував во Сиднеј да се омажам.

Јас сѐ уште имам слики од свадбата. На секоја тажно гледам во подот. Не можев да погледнам во својот сопруг.

Свекрва ми ми кажа да ги спакувам подароците за мојето ново семејство. Таа ми вети дека ќе ми купи нова облека.

Продолжува на страна 2

Сепак, таа ми ги даде старите работи на своите ќерки, два пати поголеми од мене, а го побара мојот накит, кој го продаде и парите ги задржа за себе.

Тие не ми дозволија да продолжам со школувањето. Ми наредија да ја чистам нивната куќа, да подготовувам за нив оброци и да ги чистам куќите на нејзините три ќерки. Се грижев и за нивното куче иако отсекогаш се плашев од кучиња.

Пари не добивав ниту за основните хигиенски работи – наместо да купам влошки, ги кинев работите за да ги користам како партали.

Најлошо од сѐ беше односот со сопругот. Сакаше да гледа порнографија. И тоа секоја вечер.

После тоа, ме земаше грубо и ме исфрлаше од креветот во 03:00 часот наутро за да му направам тост и да му сварам чај. Исцрпена секако морав да се будам наутро и да правам доручек за сите, а во остатанатиот дел од денот да ја чистам куќата.

Јас не се плашам од напорна работа и се обидувам да бидам позитивна. Меѓутоа, никој не ми упати ниту еден убав збор, постојано на мене само викаа.

Кога се обидов да му објаснам на сопругот колку сум несреќна, тој на членовите на неговото семејство им кажуваше дека се жалам на нив. Тогаш, тие беа дури и посурови кон мене.

Мојот сопруг стана насилен и ме тепаше. Иако готвев, смеев да ги јадам само нивните остатоци, па со тежината паднав на само 45 кг.

Единственото суштество кое имаше убави чувства и кое ми обрнуваше внимание беше кучето.

Знаев дека ќе умрам ако побегнам, а потоа дознав нешто: јас бев бремена.

Продолжува на страна 3

Сѐ уште бев тинејџерка и многу исплашена, но тоа не го спречи мажот ми да ме третира многу грубо и да не ме одведе на ниту еден медицински преглед.

Никој во моето семејство не ми понуди поддршка, а продолжував да рибам и варам сѐ до пораѓање.

Бебето се роди предвреме и мораше да биде во инкубатор. Медицинските сестри му кажале на сопругот дека би требало да останам со ќерка ми. Собата за мене би чинела 20 долари на ден.

“Дали полуде?” ми рече, со забелешка, дека можам да одам триесет минути до болница и назад. Тој не сакаше да ми даде пари за автобус.

Свекрва ми ми забрани да ја напуштам куќата пред да завршам со подготовката на појадокот и со чистењето на куќата.

“Но моите гради пуштаат млеко” реков. Таа ми кажа да ставам стара облека во градникот.

Кога го донесов бебето дома, беше полошо од било кога. Сите викаа на неа, кога таа плачеше, па некогаш ја поминувавме ноќта во топлата и валканата гаража за да го избегнеме нивниот гнев.

Бев многу слаба, а насилството на мојот сопруг беше полошо од било кога порано.

Ако побарав пари за пелени, тој ќе ме претепаше. Ми рече дека никогаш не смеам да го одбијам. Еден ден кога одбив да одам на шопинг, бидејќи бебето имаше висока температура, тој ме фрли на подот и се обиде да ме задави.

Целото семејство стоеше од страна и гледаше, додека во еден момент чичкото мирно не рече: “Мислам дека е доволно.”

Тој ден ми беше роденден.

Продолжува на страна 4

Во меѓувреме, свекрва ми отиде во посета кај мајка ми. Таа претпоставила дека на мајка ми сѐ ѝ кажав, но јас не го сторив тоа. Можеби затоа што повремено ми беше дозволено да ја слушнам, но најмногу затоа што не сакав да се грижи.

Таа ѝ кажа на мајка ми: “Претпоставувам знаете, дека мојот син ја тепа Ајша, но таа прави многу лоши работи. Вистина е, нема пари, но за што ќе ѝ се кога ние се грижиме за неа?”

Тогаш мајка ми сфатила дека е измамена. “Што ѝ направивте?,” плачеше. “Рече дека ќе ѝ бидеш мајка на ќерка ми.”

Дома, насилството беше полошо од било кога. Мојот сопруг удираше со нозе. Кога ќе го погледнев, видов само зло во неговите очи.

Мислам дека ќе се убиев ако ја немало роднината која го виде насилството и ме заштити.

“Зошто не повикаш 000?”, праша таа. “Што е тоа?”, прашав збунето. “Полиција. Ќе ти помогне.”

Чекав да се испразни куќата и ги повикав. Полицијата дојде, ме собра со бебето и нѐ одведе во засолниште. Бев толку исплашена што плачев цел ден. Не знаев каде одам, а работниците беа одлични. Тие покажаа емоции, ме прегрнаа и тоа беше првата прегратка што ја добив откако дојдов во Австралија.

Во засолништето добив сè што ми беше потребно – научив да возам, го научив јазикот, научив да се справувам со парите и сѐ решив преку суд. Денес, имам 25 години, живеам во Сиднеј, студирам и се надевам дека ќе изградам кариера.

Иако сме разделени, мојот сопруг не дозволува да заминам со ќерка ми и да си одам дома кај мајка ми. Но … барем сме живи.

news.com.au