ЖИВОТ

Интересни активности кои можат да бидат пријатни за интровертите

By kukuriku

July 05, 2019

Погледнете неколку идеи коишто следуваат во продолжение со чија помош можете да уживате во вашето слободно време.

Фотографирајте

Фотографирањето ви дозволува да го гледате светот од различна перспектива. Доколку сакате тоа може да ве вклучи во интеракција со другите, но исто така може да биде и форма на вашето изразување. Во денешно време нема потреба да трошите еден куп пари на скапи камери, едноставно можете да развиете одлични фотографски вештини и со вашиот смартфон.

Станете „уметници“

Не е важно дали имате вистински уметнички вештини или пак, едноставно сакате да шкртате затоа што тоа ве смирува. Бидете амбициозни и почнете да цртате, сликате или купете си боенка којашто ќе ви помогне да ја смирите вашата анксиозност и стрес.

Научете да свирите на музички инструмент

Ако веќе знаете да свирите, тогаш настојувајте да се подобрите, а ако никогаш не сте имале инструмент, никогаш не е доцна да се обидете. Свирењето е добар начин да се предизвикате себеси, па можете да си поставите и сопствени цели со цел да видите колку можете да го совладате тоа. Ако не сакате да имате инструктор, можете да најдете онлајн туторијали и книги коишто ќе ви помогнат да научите самите.

Пишувајте

Пишувањето е одлично хоби за интровертите затоа што тоа овозможува да се изразувате на сопствен начин. Тоа исто така не вклучува контакт со други луѓе. Почнете да ги пишувате своите мисли на блог, да пишувате поеми или започнете со пишување на вашиот иден, прекрасен роман!

Гответе

Поминете некое време испробувајќи различни рецепти и усовршувајте ги јадењата, така што кога ќе решите да ги поканите вашите пријатели кај вас, веќе ќе имате со што да ги изненадите.

Продолжува на страна 2  

Започнете сами одредена атлетска активност

Пронајдете рутина за вежбање којашто ја сакате или пак вклучете се во некој спорт којшто бара малку, или нема да бара воопшто луѓе. Можете да започнете со возење велосипед, пливање, танцување, играње тенис или други активности кои не бараат вклучување на други луѓе. Бидејќи е многу возбудливо и бара повеќе работа, интровертите може да имаат голема корист од оваа активност.

Решавајте загатки

Загатките се совршен начин да го активирате вашиот мозок и да се предизвикате себеси. Изберете сложувалка, решавајте содоку, крстозбори, онлајн загатки или пак, Рубикова коцка.

Започнете со онлајн часови

Изберете тема за којашто сте заинтересирани и поминете одредено време учејќи повеќе околу тоа. Ако го правите тоа со задоволство, не морате да се грижите за оценките – едноставно уживајте проширувајќи го вашето знаење!

Патувајте сами

Ако сакате да патувате, испланирајте одредена авантура каде што ќе заминете сами. Постојат повеќе причини да патувате сами, на пример, вие ќе одлучувате што ќе посетите и каде ќе јадете и целото време е на ваше располагање, што е одлична можност да уживате во туѓите култури.

Научете да плетете

Пробајте да плетете, шиете, везете или ткаете – што ве интересира најмногу!

Играјте игри

Светот на онлајн игрите е бесконечен, па затоа и многу интроверти сакаат да се вклучат во него. Но, дури и да не се пронаоѓате во тоа, можете да се обидете да научите одредени трикови со карти, или пак да играте видео игри коишто не бараат да бидете онлајн.

Грижете се за вашата градина

Градинарството ви овозможува да бидете блиску до вашиот дом и притоа да се посветите на нешто што е убаво, а и корисно, во зависност од тоа што садите.

Гледајте филмови

На интровертите дефинитивно им треба претплата на Нетфликс или слично, затоа што не постои нешто толку добро како седењето и гледањето филм или пак ТВ шоу во удобноста на вашиот дом.

Започнете со активности на отворено

Излезете надвор и поминете одредено време во природа. Пешачете, одете на риболов или пак едноставно прошетајте низ прекрасната околина во близина на вашиот дом.

Медитирајте

Постојат безброј ментални и физички придобивки кога одвојувате време за себе, за да се релаксирате и да се ослободите од стресот.

Волонтирајте во засолништа за животни

Понекогаш животните се подобри од луѓето, особено за интровертите. Направете нешто добро за светот, без притоа да имате преголема интеракција со луѓе – само ос неколку мачки и кучиња.

Научете нов јазик

Покрај училиштето и курсевите по јазици, постојат многу апликации и компјутерски програми коишто може да ви помогнат во ова. Совладајте некој јазик, а потоа отпатувајте во земјата каде што се зборува тој јазик.

Читајте

Можеби најголемото хоби во коешто уживаат интровертите е читањето, секогаш кога тие можат. Тоа ви овозможува да избегате во друг свет, а мирната и тивка позиција за читање, во придружба со добра книга, е нешто непроценливо!

Кафепауза