Има неколку случаи во кои може да не се дојде до оргазам

1306

Оргазмот е најбараниот и вознемирувачки краен производ на сексот. Сето останато во љубовната игра со некого или со себе е прекрасно и возбудливо, но ако нема оргазам, како да нема и врв и крај.

Срцеви заболувања

Во многу ретки случаи определени ретки кардиоваскуларни болести може да не ја предизвикаат добрата циркулација во гениталиите. Тоа спречува исполнување со доволно крв и кислород на ткивата во областа на малиот таз, што го попречува остварувањето до оргазам.

Недоволна стимулација на клиторисот

Повеќето жени стигнуваат до оргазам токму преку стимулација на клиторисот. Само околу 30% успеваат да добијат вознемирувачки крај преку вагинална пенетрација.

Значи, ако не стигне до оргазам, тоа може да значи дека сте во лошо машко друштвп. Веројатно ќе треба да го наведете на неколку финти, за да го разбере она што, колку и како треба да се направи.

Премногу стимулација на клиторисот

Во клиторисот има речиси десет илјади нервни завршетоци. Ова го прави едно од најчувствителните места во женскиот организам.

Не кај сите жени, но кај значителен дел преголемата силна стимулација на клиторисот води до спротивен ефект. Нервните завршетоци им се иритирани премногу, што ги тера да доживеат повеќе непријатност отколку пријатно чувство.
Ако имате таков проблем, поразговарајте со партнерот. Веројатно ќе треба да ги преиспита своите сопствени техники за да ве задоволи.

Во многу ретки случаи е забележана преосетливост на клиторисот, што го отежнува повеќе силното стимулирање. Понекогаш допирот предизвикува болка. Затоа може да се наметне допирот преку мека памучна ткаенина, што би можело да се претвори во секси игра, но сепак да помогне.

Имате загриженост и вознемиреност

Ако се борите со стресот, депресијата или анксиозноста, тоа може да биде проблем, бидејќи лековите за овие состојби имаат несакани ефекти да се потисне сексуалната функција.
Понекогаш не само остварувањето до оргазам може да биде отежнато, но и желбата за секс да исчезне.

Хормоналната нерамнотежа

Многу жени употребуваат контрацептивни таблети. Овие хормони влијаат на либидото со тоа што често го намалуваат. Тие можат како да го нормализираат хормоналниот баланс кај некои жени, така и да го нарушат кај други.

Хормоналната нерамнотежа може да се добие и во крајот на 30-тите и почетокот на 40-тите години од животот на жената. Во овој период телото се подготвува непречено да влезе во менопауза. Кај некои жени таа настапува порано, кај други околу 50-годишнината или дури и подоцна. И кај двата случаи хормоналните промени се веќе во тек.

Хормоналната нерамнотежа може да се предизвика и при болести на тироидната жлезда, кои се исклучително вообичаени овие денови.

Сите овие фактори можат да влијаат на вашата способност за постигнување оргазам.