ИДЕЈАТА НА ЕВРОПА ПРЕДИЗВИКА ГНЕВ ! Сергеј Лавров луто до Жозеп Борел: „Тоа е кражба“

672

Идејата на Џозеф Борел би ја чинела Москва 300 милијарди долари.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја нарече кражба идејата на европскиот министер за надворешни работи Џозеф Борел за пренос на замрзнатиот руски имот на Украина за да се плати обновата на земјата.

Тој истакна дека ваквите акции веќе стануваат навика на Запад. Лавров како пример ја спомена ситуацијата со замрзнувањето на авганистанските средства, кои западните земји сакаат да ги користат не за потребите на народот на Авганистан, туку за цели покрај обновата на земјата.

Заменикот на Лавров, Александар Грушко, предлогот на Борељ го нарече незаконски, наведувајќи дека таквиот потег ќе влијае на целиот глобален финансиски систем и скапо ќе ги чини Европејците.

По почетокот на војната во Украина, Западот го зголеми притисокот врз Москва, а многу земји најавија замрзнување на рускиот имот.

Според зборовите на министерот за финансии, Антон Силуанов, станува збор за околу 300 милијарди долари, што е половина од златните и девизните резерви.

Русија презеде контрамерки и конкретно им забрани на странските инвеститори да повлекуваат пари од нејзиниот финансиски систем. Според некои проценки, станува збор за повеќе од 500 милијарди долари.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јосеп Борељ вчера изјави дека Европската унија треба да размисли за запленување на замрзнатите руски девизни резерви за да помогне во плаќањето на повоената обнова на Украина.

Тој во интервјуто за „Фајненшл тајмс“ рече дека би било логично ЕУ да го направи истото што го направи САД со средствата на авганистанската централна банка откако Талибанците дошле на власт, пренесе Ројтерс.