ТЕХНОЛОГИЈА

И кинеските рудари со 5G технологија вадат руда од рудникот во Сандаожуанг | Фото/Видео

By kukuriku

January 11, 2021

Компанијата „China Molybdenum“ користи 5G технологија во Санџунг, централна Кина од 2019 година.

Фотографиите што ги објавија прикажуваат технолошко чудо во индустријата за кое се сметаше дека е невозможно: луѓето командуваат големи машини – од дома!

Технологијата им овозможува на работниците од рудникот да работат од дома додека се преземаат мерки во светот поради пандемијата на корона вирусот.

CCTV известува дека 5G технологијата им овозможува на работниците прецизно да управуваат со опрема во рудник благодарение на нејзината голема брзина и ниската латентна поврзаност.

Ова значи дека работниците можат да видат што прават во реално време додека прават груба, но деликатна работа на лице место.

Овие слики покажуваат колку е прогресивна Кина во однос на технологијата и ова е само рана фаза на вистинска имплементација.