Хрватска | За берење кокичиња и автохтони диви видови пропишана глоба од 3 000 до 25 000 евра

1615
Leucojum spp.
Viola odorata L.

Се пролетта се очекува да пристигнат најубавите растенија, иако на сите им се најубави, нивното берење, но и продавање е забрането или за некои треба посебна дозвола.

Државниот инспекторат потсетува дека за собирање на пролетни цвеќиња, како што се кокичиња Galanthus nivalis L., Viola odorata L., Erythronium dens-canis L. или Leucojum spp., потребна е дозвола од Министерство за економија на Република Хрватска.

Во согласност со чл. 64 од Законот за заштита на природата, решението на Министерството мора да се добие за собирање/одземање од природата на автохтони диви видови заради преработка/продажба.

Големи казни

Erythronium dens-canis L.

За собирање на автохтони диви видови за лична употреба не е потребна дозвола од Министерството, каде собирање на растенијата за лична употреба се смета собирање до пет поединечни парчиња подземни делови (луковици, клубени, корени или ризоми), 2. кг стебла со лисја и цветови, пет струка (обем на палецот и показалецот) стебла со лисја и/или цветови, 1 кг лисја, 1 кг цветови, 0,5 кг семиња, 10 кг плодови, 0,5 кг пупки и еден бусен мов дневно.

Galanthus nivalis L.

За собирање на автохтони диви видови заради преработка/продажба без дозвола од Министерството и собирање и продажба на строго заштитени видови, се пропишува глоба во износ од 25.000,00 до 200.000,00 куни (1 евро=7,5 куни) за правни лица, од 7.000,00 куни до 30.000,00 куни за физички лица и одговорно лице во правното лице и од 10.000,00 до 40.000,00 куни за физичко лице занаетчија.