Во американската сојузна држава Њујорк останува во сила налогот во сите ресторани од синџири во менито да се наведе симбол на солница за храна, кај оброците кои содржат повеќе од препорачаната дневна доза од 2300 мг натриум хлорид.
Одлуката беше донесена од Врховниот суд на државата. Барањето за посебно означување на солените јадења влезе во сила во Њујорк во декември минатата година. За прекршителите од 1 март има казна од 200 долари. Судијата од Врховниот суд Аклин Рековер објасни дека оваа мерка не предвидува забрана или ограничување на понудата на таквата храна, а само има за цел да ги предупреди потрошувачите за составот на храната.
Со одлуката се става крај на барањето на Националната ресторантска асоцијација, која вклучува повеќе од 500 000 ресторани. Тие сакаа барем привремено одложување за ова барање во државата Њујорк. Според нивни адвокати сликата на солница ги заблудува клиентите и лишува рестораните од соодветните приходи. Според медиумите барањето се однесува за околу 10% од понудените видови храна. Во просек Американците употребуваат дневно околу 3 400 мг сол, а главен дел од оваа количина доаѓа од конзервираната храна.