ЗДРАВА ХРАНА

Храната која ја консумирате влијае на вашата младост

By kukuriku

April 14, 2021

Колку и да не ни се допаѓа, со секојa изминатa година старееме. Тоа е природен процес, против кој не можеме да се бориме.

Научниците сè уште не измислиле начин, благодарение на кој човек може да живее вечно и се разбира, да остане вечно млад. Засега овие опции се можни само во фантазијата на филмовите и книгите.

Сепак не сме целосно беспомошни, кога станува збор за стареењето. Начинот на живот е исклучително важен, ако човек сака да го задржи својот изглед во добра форма, без оглед на годините. Храната која ја консумирате, исто така, игра одлучувачка улога во однос на младоста.

Затоа треба да настојувате да се храните здраво и да нагласувате на следниве неколку производа:

Јогурт

Иако врската помеѓу долговечноста и јогуртот не е докажана директно, сите знаеме колку е корисна оваа храна. Јогуртот е богат со калциум, а добрите бактерии во него помагаат за одржување на здравјето на цревата.

Риба

Пред околу 30 години истражувачите почнаа да бидат заинтересирани зошто луѓето во Аљаска страдале значително поретко од кардиоваскуларни болести.Според научниците причината за ова лежи во големиот прием на риба, која локалните жители ја консумираат. Рибата е богат извор на омега-3 масти кои помагаат за спречување на натрупаниот холестеролот во артериите.

Чоколадо

Луѓето Куна, кои ги населуваат островите во Сан Блас крај бреговите на Панама, страдаат поретко од болести на срцето. Причината е пијалокот со многу какао која луѓето Куна сакаат да ја пијат. Какаото е богато со флаваноли кои ја помагаат функцијата на крвните садови. На овој начин се намалува ризикот од висок крвен притисок, дијабетес тип 2, болести на бубрезите и деменција.

Ореви

Тие се богати извори на незаситени масти, па придобивките од нивната потрошувачка се слични на придобивките од оние на маслиново масло. Освен тоа, во јатките содржат витамини, минерали и други фитохемикалии – вклучувајќи антиоксиданси.

Вино

Консумирањето алкохол (во умерени количини) штити од кардиоваскуларни болести, дијабетес и губење на меморијата. Црвеното вино е најмоќното оружје во борбата против стареењето и болестите, бидејќи содржи ресвератрол – соединение кое може да активира гени, кои го забавуваат стареењето на клетките.