Храна која миленичињата не смеат да ја јадат

2291

Ајде да направиме листа на храна која навистина не треба да му ја давате на вашето куче, без разлика колку тажно тоа ве гледа.

Некои намирници можат да ги убијат кучињата, мачките и други животни. Избегнувајте ги.

Кога јадете нешто, а вашето куче ве гледа со оној молбен и неодолив поглед “дај ми и мене, гладен сум “, многу тешко е да се одолее. Ние ги сакаме нашите миленичиња и сакаме да им покажеме колку нѝ значат, но нашата храна не е секогаш безбедна. Некоја човечка храна е опасна за нив, тешко им паѓа на желудникот, може да предизвика напади, па дури и смрт. Ова е листа на некои од тие намирници.

ГРОЗЈЕ И СУВО ГРОЗЈЕ

Грозјето и сувото грозје се здрави за луѓето, но за кучињате и мачките не се. Кај овие миленичиња, тие можат да предизвикаат тешко оштетување на бубрезите, што може да доведе до затајување или дури и смрт. Не секое куче или мачка ќе почувствува проблеми со бубрезите, но не постои начин да се знае тоа, па затоа е подобро да ги избегнувате.

ВЕШТАЧКИ СЛАДИЛА

Ksilitol, популарен вештачки засладувач кој често се наоѓа во гуми за џвакање и слатки без шеќери, е крајно опасен за кучињата и мачките. Тој предизвикува ненадеен пораст на секреција на инсулин и ненадеен пад на шеќерот во крвта. Доколку не се третира веднаш, кучето може да развие напади на хипогликемија и да падне во состојба на шок. Симптомите почнуваат одеднаш и без ветеринарна интервенција, настапува смрт.

ЛУК

Иако сметате дека лукот е здрав, варењето лук може да биде смртоносно за кучињата и мачките. Во црвените крвни клетки се формираат т.н. Heinzovi тела, па црниот дроб ги гледа инаку здравите црвени крвни клетки како оштетени и ги отстранува од крвотокот. Бројот на црвените крвни зрнца се намалува, се создава анемија, која може да предизвика летаргија, тешкотии при дишење и смрт.

АВОКАДО

Иако за кучињата и мачките е безбеден, не ги храните со него птиците и големите животни како крави. Компонентата персин предизвикува тешкотии во дишењето, оток, анорексија кај птиците, и маститис и дигестивни проблеми кај козите, овците, кравите и коњите.

ЧОКОЛАДО

Чоколадната состојка теобромин е отровна за кучињата и мачките. Може да предизвика хиперактивност, срцева аритмија, напади, па дури и смрт. Теоброминот повеќе го има во темното чоколадо, но, исто така, и млечното и белото чоколадо се опасни.

КАФЕ, ЧАЈ, СОДА

Кучињата и мачките се многу почувствителни на кофеинот отколку луѓето, па затоа и малите количини ги прават миленичињата нервозни и возбудени. Големи дози на кофеин можат да предизвикаат аритмија, напади, повраќање, дијареја, па дури и кома. Пијалаците, слатките и лековите кои содржат кофеин треба да ги држите подалеку од кучиња.

МРСНА ХРАНА

Иако е многу вкусна, мрсната храна како сланината и шунката се опасни за кучињата и мачките кои не се прилагодени да јадат толку мрсна храна. Варењето може да предизвика повраќање и дијареа, со панкреатитис, екстремно болни дигестивни нарушувања кои бараат хоспитализација и интензивно лекување.

КОСКИ

Коските се опасни за миленичињата. Парчињата од коските лесно можат да навлезат во чувствителното гастроинтестиналното ткиво, и да резултира по живот опасна состојба перитонитис, бидејќи цревната содржина почнува да тече во стомачната празнина. Единствениот начин да се излекува е хируршка интервенција.

ОВОШЈЕ СО КОСКИ

Праски, сливи, нектарини, кајсии и сето овошје со коски се опасни на два начина. Не само што коските се идеални да заглават во дигестивниот тракт, тие содржат и отровен цијанид.

РАБАРБАРА

Ако кучето тргне на дрвото Рабарбара, лисјата на ова растение може да предизвика намалување на калциум во крвта. Кучето ќе се лигави, ќе се тресе, ќе го изгуби апетитот, ќе биде летаргично и може да му ги уништат бубрезите.

MАКАДАМИЈА

Труење со Макадамија резултира со повраќање, слабост, тресење, температура и летаргија. Ветеринарите не се сигурни за механизмот на токсичност, но смртно е.