Hanukkah | Празник на светлината

297

Ханука е празник на светлината и трае осум дена и осум ноќи.

За Ханука се користи посебен свеќник со осум свеќи познат под името ханукија или менора за Ханука. Свеќата што се наоѓа на издвоена позиција (повисоко или пониско од останатите) се користи како дополнителна свеќа за палење на другите свеќи и се нарекува шамаш.

Палењето на свеќите е централен чин за Ханука; првата ноќ се пали првата свеќа од десната страна на ханукијата, а потоа секој нареден ден се пали по уште една. На овој начин, сите осум свеќи се запалени на осмиот ден и го симболизираат непрекинатото горење на маслото во Храмот по победата на Макабејците.

За време на палењето на свеќите, се изговара текст кој почнува со зборовите анерот алалу (овие свеќи), во кој се набројуваат прописите за палење на ханука-свеќите и за начинот на однесување додека горат.

Ханука е прослава за победата на Макабејците над грчко-асириската војска предводена од Антиох и осветување на Вториот храм кој бил осквернавен за време на нивната окупација. Чудото на Ханука се состои во тоа што свеќите на ханукијата гореле осум дена и ноќи, иако имало масло само за еден ден.

Ханука е весел празник, особено за децата.

Традиционално се подготвува храна пржена на масло, како на пример крофни латкас. Сите членови на семејството заедно играат со вртимушка (севивон на хебрејски), а стариот обичај да им се дава џепарлак на децата денес е прераснат во давање подароци.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување