Сигурно ви е познат системот HAARP, кој неодамна започна да дејствува и на овие простори. Но, иако HAARP локациите на Балканот не се толку добро познати, ние сме опкружени со HAARP објекти во земјите околу нас.
Инсталиран е во Бељина во близина на Бараево, кој е многу блиску до главниот град на Србија, Белград. HAARP е од Америка, и е доста катастрофален во секоја смисла и претставува табу-тема. Сепак, и ако е така, сѐ повеќе и повеќе луѓе зборуваат за тоа, па дури и оние кои работеле во формирањето на овој проект!
Многу медиуми во Србија, кои пишувале за ова биле заплашувани да молчат. Така и списанието Правда! Информациите кои сега ќе ги видите и за кои ќе прочитате, никогаш нема да слушнете во владините или во другите полтронски медиуми.
Информациите за антените HAARP во Србија се демантирани, т.е. антената под прекумерен притисок на јавноста е демонтирана и отстранета, на неко подобро и побезбедно место, на пр. како што е Косово.
HAARP систем и неговото влијание врз климата
Дефинитивно ова е најголемиот домен и насока кон која HAARP оди. Пред сѐ тој е тука да ја менува климата и да влијае на природните катастрофи. Иако овој систем е релативно од поново време, целиот проект е создаден веднаш по Втората светска војна!
Денес тој прерасна во глобална примена! И ако многумина не сакаат да зборуваат за тоа што точно HAARP претставува, вистината станува сѐ појасна и поужасна. HAARP системот дејствува првенствено по пат на електрични и магнетни бранови, а со тоа влијае и на климата! На температурата на воздухот, влажноста на почвата, силата на ветерот и така натаму!
Во балканските земји, најмногу се видливи последиците врз температурата на воздухот, кои предизвикуваат суша и актуелните за нас, пожари! Дека нешто не е во ред, може да се види речиси секој ден на небото, под услов да е ден, можете да видите како е небото набиено, облаците како да се деформирани и со необичен облик, а воздухот е со различен набој!
Она што создава проблем се и сушите кои имаат влијание на културите и полињата, магнетната контрола го одбива дождот и ја суши земјата, па така храната станува многу поретка и поскапа.
Она што е важно да се знае е дека овој систем уништува две сезони! Пролетта и есента полека исчезнуваат, а ќе има само лето и зима. Летата ќе бидат многу долги и топли, а зимите остри и многу студени!
HAARP системот и неговото влијание врз човекот
Продолжува на страна 2
Ова најмногу нѐ загрижува и дефинитивно, влијанието на HAARP системот во овој домен е многу присутно и опасно. Значи, HAARP системот влијае со магнетни бранови и набои. Најверојатно знаете дека човекот и самиот е намагнетизиран и наелектризиран и дека секој има некаква форма на енергија. Затоа, и ударите од гром или електричен удар делува врз човекот разорно, исто, како и на електричните апарати, едноставно! Човекот покрај тоа што има вода во себе, тој самиот произведува и енергија. Во колку дојде до предозирање со магнетизам и електризирање, доаѓа до шок! HAARP системот најмногу делува на најважните човекови органи! На срцето и мозокот!
Веројатно ви е познато дека кога срцето ќе престане да работи, лекарите даваат третман со електрични шокови, и на тој начин енергија на набојот и магнетизмот создава потребна енергија за работа на срцето и човекот е повторно е жив. Меѓутоа, во случај на преголема доза на овие честички, срцето почнува да прескокнува и да работи неправилно. Така животниот век на човекот се намалува, бидејќи срцето е под поголемо оптеретување и постојано се менува интензитетот (јачина) на енергијата во човекот.
Мозокот е приказна сам за себе. Структурата на мозокот се состои од лабави и чувствителни делови и целиот мозок е исполнет со течност која е многу важна. Воедно, мозокот има еден вид на мали приемници, одн. антени кои добиваат сигнал, така што HAARP-от со прекумерно испраќање на набои и магнетизам може да го предозира мозокот, со што тој работи пореметено или престанува да работи!
Сигурно сте слушнале за метеоропатите! Па, тие луѓе не се ништо друго, туку оние кои се болни кога времето одеднаш се менува. Нивните приемници во мозокот се почувствителни и поранливи и промените на нивото на магнетизмот и електрицитетот се многу влијателни врз нивното здравје! HAARP системот дополнително ги оптоварува овие луѓе! Буквално, HAARP-от со своите бранови ја движи течноста во мозокот и ја дозира енергија на човекот преку антените во мозокот!
Инаку, биометеоролошка прогноза постои само во овој регион. Во ЕУ, Швајцарија, Германија, такви биометеоролошки прогнози не постојат во медиумите, весниците, на радио. Во најдобар случај, луѓето на нив не обрнуваат внимание.
Кажале за HAARP системот
Продолжува на страна 3
- George Hudson (55), американски инженер во НАСА.
– Системот HAARP е најмоќното оружје, на најмоќените моќници на светот. Дали е опасен овој систем, не се сомневајте во тоа! Тој веќе е тука и делува.
Michael Rucky (43), американски пилот.
– Денес е време на контрола на човечкиот ум! Да, мислам на HAARP системот. Тој има прилично лош ефект врз психата, климата и земјата воопшто! Како пилот сигурен сум и тоа го зборувам сега, дека овој систем може да урне секаков авионот во светот! Секогаш кога тоа би било потребно.
- Rodney Pitton (82), пензионираниот британски армиски генерал
– HAARP-от е навистина врвен проект на Американците. Тие ви велат дека е тоа заради експериментирање и следење на климата на Алјаска, а денес, еве чудо, целиот свет ги поседува овие антени. Сѐ е јасно што се случува.
Mitt Douglas (1965-2008), американски физичар, убиен пред куќата во Далас
– HAARP-от отсегогаш ме загрижувал. Јасно е неговото влијание врз климата и промена на магнетните полиња на површината на земјата! Знаете што значи тоа! Сите ние можеме да бидеме убиени кога тие ќе посакаат.
- Nikola Janec (68), словенечки новинар и истражувач
– Целата работа е многу мистериозна и страшна! Едно се зборува, а нешто друго се прави. HAARP сите нас нѐ убива, а никој не може да преземе нешто! Дури нѐ уверуваат дека тоа е создадено заради нас. Патетика ли Господи! Исто како кога политичарите ги тупат своите говори.
- Momo Matosevic (56), хрватскати физичар и лекар психијатар
– Срамота е во каков свет живееме. HAARP-от го убива човекот така што влијае на психата и го прави апатичен и агресивен! Креирааат деструктивен човек. Не е чудо што светот е полн со будали!
- Alex Vegata (73) руски нуклеарен експерт и физичар
– HAARP системот е потполно злосторство против човекoт! Непријател на Американците, одн. на нивните сопственици, не се сега само Ирачанец, Рус или Балканец. Целиот свет е мета!
- Nikola Potosku (54), Романски претседател на заштита на животната средина
– Тој HAARP нѝ стои и работи пред нос, а никој не обрнува внимание на тоа! Тивко, но подмолно исчезнуваме!
Никола Тесла еднаш кажал дека планетата земја може да се подели на половина со помош на резонанца. Да се надеваме дека тоа не е планот на американските избрлавени умови.
(NoviSvjetskiPoredak.com)