ЗДРАВЈЕ

Губење во просторот е првиот знак на Алцхајмеровата болест

By kukuriku

November 05, 2021

Губењето во просторот, дури и во познато опкружување, може да биде првиот знак на Алцхајмеровата болест.

Овие резултати се од најновите истражувања.

Во студијата на Универзитетот во Единбур се наведува дека не е утврдена врската меѓу делот на мозокот кој се користи за навигација.

Целта на новата студија, во кои се вклучени и други британски центри, е да се откријат првите симптоми на болеста кај луѓето кои сеуште се млади.

Алцхајмеровата болест обично не се дијагностицира до шеесетите години, кога веќе дошло до значајно оштетување на мозокот, пишва “Indipendent”.

Истражувачите наведуваат дека пореметените вештини на навигација се еден од првите показатели на болеста.

Во текот на истражувањето се дошло до заклучок дека поголем бил ризикот кај оние лица кои не постигнале добри резултати во тестовите за мерење на способноста на визуелизација на својата положба. Испитанците биле меѓу 41 и 59 година

Се заклучило дека кај нив делот на мозокот задолжен за навигација, наречен хипкампус, е помал.

Во истражувањето е користен т.н. тест на четири планини, кога на испитаникот му се покажува слика на планина која тој мора да ја идентификува во селекција на четири други пејзажи. Научниците утврдиле дека здравиот начин на живот може да спречи развој на болести, вклучувајќи ги и прошетките од 30 минути четири пати неделно.