СПОРТ

“Гранде” Пандев!

By kukuriku

November 20, 2020

Пред точно една недела Горан Пандев го постигна својот 36 гол во дресот на најдобрата македонска А репрезентација.

Нашиот “Гранде” Пандев го реализираше победничкиот погодок во Тбилиси на 12 ноември 2020 година против Грузија (0:1) за прв историски пласман на Македонија на евро шампионатите.

Покрај големиот број славни успеси на клупски план, се оствари големата желба на 37-годишниот играч на Џенова да ја збогати својата кариера да настапи во едно големо натпреварување и со националната селекција.

Објавена е една интересна статистика од “playmakerstats” со листа на играчи кои и натаму се активни во Топ 5 европските фудбалски лиги (Бундеслига – Германија, Ла Лига – Шпанија, Лига 1 – Франција, Серија А – Италија, Премиер лига – Англија) и воедно најдобри стрелци на сите времиња во своите сениорски репрезентации.

Пандев е нашиот најдобар стрелец со 36 голови, на оваа листа се наоѓаат врвни имиња како Кристијано Роналдо (Јувентус) кој моментно има 102 голови со Португалија, втор е Лионел Меси (Барселона) со 71 погодок за Аргентина, на третата позиција е Роберт Левандовски (Баерн Минхен) со 63, колку што има и Луис Суарез (Атлетико Мадрид) за Уругвај.