Градоначалникот на Скопје позитивен на Ковид-19

90

И денеска најголем број од новите случаи се во Скопје – 96. Меѓу заболените е и градоначалникот Петре Шилегов, кој ја инфромираше јавноста преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19.

Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому.

Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.

Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.

Чувајте се и чувајте ги другите околу вас.