Град Скопје | Вонредното прскање против комарци се одложува за во среда

79

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради денешното влошување на временските услови и најавите за нестабилност во текот на утрешниот ден, најавеното авионско прскање против комарци за 25.08.2020 година (вторник) се одложува за наредниот ден.

Поточно, вонредната авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 26.08.2020 година (среда) и на 27.08.2020 година (четврток), во раните утрински часови.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.