Гоце Делчев е нашиот Мечкин Камен и не го напуштаме

62

„Гоце Делчев е Македонија и столбот на нашето постоење како народ“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчера одржаниот протест.

Според него, владата неоправдано лепи етикета, дека патриотизмот е демоде политика.

„Тоа не е заостанување во минатото, тоа не е популизам и некаква анти-ЕУ кампања. Македонизмот е над и пред се, денес сме тука за ЕУ и Гоце Делчев, а СДСМ не е за ЕУ. Сакаат да го продадат Гоце за да можат да си поделат уште некоја лиценца за марихуана“, вели Мицкоски.

Тој уште еднаш повтори дека „Делчев е нашата тврдина која што нема да ја напуштиме“.

„Делчев обединувал, а СДСМ разединува. Тој е нашиот Мечкин Камен и нема да отстапиме ниту милиметар од него“. смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.