Пациентката била имунолошки ослабната по успешен третман на рак на крвта три години претходно, поради што неможела да се ослободи од коронавирусот во телото – иако повеќе не чувствувала никакви симптоми на ковид.
Откриено е дека лицето кое преживеало рак имало коронавирус најмалку 335 дена во најдолгиот документиран случај на Ковид-19 досега, покажало новото истражување.
Пациентка, 47-годишна жена која не е именувана, прво била хоспитализирана поради ковид-19 во кампусот на Националниот институт за здравје во Bethesda, Maryland, пролетта 2020 година, објави Science News.
По десет месеци, за време на кои таа покажувала благи или никакви симптоми на коронавирус, нејзините лекари откриле дека таа сè уште е позитивна на вирусот, се вели во студијата.
Геном сличен на коронавирус
Жената била со ослабен имунитет по успешно лекување на рак на крвта три години претходно, поради што имала ниски нивоа на Б-клетки кои произведуваат антитела, се објаснува во продолжение.
Таа продолжила да добива позитивни тестови за коронавирус, за кои нејзините лекари мислеле дека се лажно позитивни детектирајќи само безопасни делови од вирусот кои останале по отстранувањето на инфекцијата, се вели во студијата.
Кога вирусното оптоварување на жената повторно се зголемило овој март, лекарите го секвенционирале нејзиниот геном. Откриле дека е многу сличен на коронавирусот, кој таа го носела десет месеци претходно, и дека не е сличен на ниту еден од видовите што тогаш циркулирале кај општата популација.
Пациентката била хоспитализирана и конечно ја излечила инфекцијата во април, 335 дена по првото тестирање, се вели во студијата. Таа сега конечно имала повеќе негативни тестови на Ковид-19, објави Science News.
Вирусот мутирал најмалку 30 пати
Студиите како оваа даваат информации за болеста Ковид-19 за луѓе со ослабен имунолошки систем. Помала е веројатност дека луѓето со ослабен имунолошки систем имаат силен одговор на Ковид-19 по две дози од вакцината, што ги прави поранливи на инфекции.
Американските регулаторни агенции одобри трета доза вакцина за луѓе со ослабен имунолошки систем во август, со надеж дека ќе го зајакне нивниот имунолошки одговор.
Овие типови на студии, исто така, им помагаат на научниците да разберат како се развива вирусот. На пример, студија за жената со ХИВ која имала коронавирус 216 дена покажала дека вирусот мутирал во неа најмалку 30 пати.
Наодите се објавени како предпечатење на MedRxiv претходно овој месец, а трудот сè уште не е прегледан.